0%
Loading ...

Нови PCR анализи

Напредна молекуларна детекција

Брзо и прецизно до вашите резултати

при појава на првите симптоми

Ново во нашето потртфолио:

1.600 ден.
Молекуларна детекција на Chlamydia Trachomatis

Real Time PCR

1.600 ден.
Молекуларна детекција на Varicella Zoster Virus

Real Time PCR

Real-time PCR технологијата овозможува висока чувствителност и сигурна детекција.
За примероци доставени до 12:00 часот во лабораторијата во Тафталиџе, резултатите се издаваат истиот ден.
Навремената дијагноза овозможува побрз соодветен третман и намалување ризик од компликации.

Chlamydia Trachomatis

Chlamydia trachomatis е една од најчестите сексуално преносливи бактериски инфекции. Во голем број случаи инфекцијата може да помине без симптоми, но доколку не се открие и третира навреме, може да предизвика сериозни компликации, како воспалителни заболувања на репродуктивните органи, неплодност и компликации во бременоста.

Real-time PCR е високо чувствителна молекуларна метода која директно го детектира генетскиот материјал на бактеријата, овозможувајќи рана и сигурна дијагноза.

Примерок:

  • Брис од уретра
  • Брис од цервикс

Цена: 1600 денари

Varicella

Varicella Zoster Virus (VZV) е вирусот кој предизвикува овчи сипаници (варичела) и херпес зостер (ќерамиди).

Молекуларната PCR анализа овозможува брза и прецизна детекција на вирусот, особено во раната фаза на инфекцијата, кога навременото поставување на дијагнозата е од големо значење за понатамошното лекување.

Анализата може да се направи веднаш по појавата на осипот.

Примерок:

  • Серум

Цена: 1600 денари