Од 14.09.2026 година, пациентите со лабораториски упат ЛУ-1 и ЛУ-П можат да ги реализираат своите лабораториски анализи на товар на Фондот во сите три локации на Авицена Лабораторија во Скопје:
Тафталиџе
Аеродром
Кисела Вода
Ова значи дека при издавање на лабораториски упат, вашиот матичен лекар сега може да избере една од овие три локации, во зависност од тоа која ви е најблиска и најсоодветна.
За дополнителни информации, контактирајте го нашиот Контакт центар: 02 3179 001.
