Опис
Пакетот за опаѓање на коса претставува сеопфатен сет на лабораториски анализи за проценка на нутритивниот статус, функцијата на тироидната жлезда, крвната слика и општата здравствена состојба, кои можат да бидат поврзани со појавата на опаѓање на косата.
Пакетот ги опфаќа следните анализи: железо, феритин, TSH, FT4, витамин Д, витамин B12, фолна киселина и цинк, како и крвна слика со диференцијална крвна слика, седиментација на еритроцити, хемоглобин, хематокрит, уринарен статус со седимент, глукоза во серум (гликемија), вкупен холестерол, триглицериди, уреа, креатинин, AST и ALT.
Со пакетот се добива поширок увид во состојбите како недостаток на железо и одредени витамини и минерали, нарушувања на функцијата на тироидната жлезда, анемија и други состојби кои можат да придонесат за зголемено опаѓање на косата.
Подготовка: Препорачливо е пакетот да се направи наутро и на гладно (8–12 часа без храна). Во периодот на гладување дозволено е да се пие вода. Доколку земате суплементи со железо, витамин B12, фолна киселина, витамин Д или цинк, информирајте го лекарот или лабораторијата.
Примерок: венска крв и урина.



Критики
Нема критики сеуште.