0%
Loading ...

Често поставувани прашања

Не, закажување не е потребно. Пациентите се примаат во текот на целото работно време на лабораториите.

Исклучок се анализите:

  1. oGTT (орален тест за толеранција на глукоза) или тест на оптеретување на глукоза за пациенти со упат од лекар, кои анализата ја прават на товар на ФЗОМ. Закажувањето се прави на 02 3179 001 или на приемен пулт во лабораторија.

По потреба, лабораторијата обезбедува неопходен лабораториски потрошен материјал (стерилни садови за микробиолошки анализи, брисеви со соодветни медиуми за транспорт на примерокот и сл.).

ПЗУ Авицена Лабораторија има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Р.С. Македонија за изработка на лабораториски анализи со лабораториски упат – образец ЛУ-1 и ЛУ-П, издаден од избран лекар од примарната здравствена заштита.

Пациентите можат да го остварат правото на лабораториски анализи на товар на Фондот, со валиден упат од матичен лекар.

Анализите со упат на товар на Фондот можат да се реализираат во нашите лаборатории на локациите:

  • Тафталиџе – бул. 8 Септември бр. 2
  • Аеродром – бул. Јане Сандански бр. 13-1/А
  • Кисела Вода – ул. Мариовска бр. 2-А

Важна напомена:
Здравствената легитимација која се бара при прием се користи исклучиво за лична идентификација на пациентот.

Ве молиме упатите од матичниот лекар да бидат уредно пополнети и доставени одделно од здравствената легитимација.

Режимот на подготвување кај секој пациент е различен во зависност од видот на анализата која треба да ја направи. Прочитајте повеќе во делот за „Подготовка“.

Да! Авицена Лабораторија е овде да Ви излезе во пресрет, во удобноста на Вашиот дом. За да закажете Домашна посета, јавете се на тел: 02/3179 001 барем еден ден однапред!

Апсолутно не! Процесот на земање на крв и друг вид материјал е таков, што секогаш се користат стерилни игли и прибор спакувани поединечно и се за еднократна употреба, кои подоцна соодветно се складираат во посебен медицински отпад.

Кога правите тестирање на крвта, ништо не влегува во Вашиот организам. Крвта се зема во специјални епрувети во кои има вакуум, така што кога стерилната игла ќе влезе во крвниот сад, крвта директно од вената ја пополнува епруветата.

Мораме да бидеме сигурни дека го идентификуваме секој од пациентите по име, датум на раѓање, адреса и др. Вредностите на лабораториските анализи имаат различни референтни вредности во зависност од полот и возраста, затоа е неопходно да се знаат.

Пр. лабораторискиот резултат на некоја анализа кој е нормален за 60 годишен човек, може да излезе надвор од рамките на нормалните вредности за 5 годишно дете.

Доколку лекарот бара да се направат одредени анализи, ние мораме да имаме информации за Вашиот последен оброк како и за последниот термин на земање на лекови.

Во зависност од видот на анализите кој што докторот ги одредил, потребно е различно време за добивање на резултатите. Поголемиот дел од резултатите се издаваат уште истиот ден (после 14.00 часот) или во рок од 24 часа, додека некои анализи бараат подолг период.

Микробиолошките анализи бараат подолго време за издавање на конечен резултат. Потребното време да се идентификува одреден микроорганизам доколку постои во примерокот и одредување на негова чувствителност кон антибиотици е 2–3 дена.

Уникатна можност за директно преземање на резултатите со најава на веб-страницата:

  • Директно од нашата веб-страница
  • Ќе ви бидат испратени и по e-mail

Оригиналниот примерок од резултатот се подигнува исклучиво лично на приемен пулт во лабораторија. Доколку не сте во можност лично да го подигнете резултатот во оригинал, потребно е да се пополни формулар за овластување на трето лице, кое може да ги подигне Вашите резултати. Формуларот може да го добиете на приемен пулт.

Доколку од објективни причини се случат проблеми во електронската и телефонската комуникација, посебно при преземањето резултати, Ве молиме контактирајте ги вработените во Авицена Лабораторија на: тел. 02/3179-001, на e-mail: lab@avicenalab.com.mk или подигнете го резултатот во оригинална форма (кој претставува официјален документ), во редовното работно време на лабораторијата.

Вие можете да бидете тестирани поради различни причини, кои се во врска со проблемите кои ги имате соопштено на Вашиот доктор – да ја проверите општата состојба на организмот, да ја проверите состојбата која веќе е дијагностицирана или да се провери како реагирате на веќе препишаната терапија.

Ова се само некои од причините заради кои лекарот бара лабораториско тестирање. Резултатите од истите треба да бидат протолкувани од Вашиот матичен лекар заедно со сите испитувања и клиничката слика.

Лабораториските тестови најчесто се прават од примерок на крв и урина. Потребно е да се земе мала количина на крв и треба да се собере неопходната количина на урина.

За поголемиот дел лабораториски испитувања на крвта, неопходна е подготовка која подразбира земање на крв (на празен стомак) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во пократок период пред вадењето на крвта доведува до пораст на концентрацијата на гликоза, холестерол, липиди, протеини, железо и други метаболити.

Ве молиме, да. Нашиот персонал е високо професионален, но не го занемаруваме фактот дека Вие најдобро си го познавате Вашиот организам.

Ве молиме да ни потенцирате доколку сте имале било какви проблеми во минатото. Ќе направиме сè за да бидете сигурни дека сè ќе биде изведено на најдобриот можен начин.

Количината на крв која треба да се земе, зависи од бројот и видот на анализите кои ги бара Вашиот лекар.

Современата лабораториска опрема ни овозможува да повеќето анализи ги направиме од минимална количина на крв. Токму поради тоа, Вие ќе се чувствувате добро и после вадењето на крвта ќе можете да продолжите со нормалните дневни активности.

Секој примерок (серум) во Авицена Лабораторија се чува 7 дена, во случај за потреба за изработка на дополнителни анализи (анализи кои го дозволуваат тоа).

  • Локација 1 (нас. Тафталиџе): бул. 8 Септември бр. 2, лок. 1, 1000 Скопје
  • Локација 2 (нас. Аеродром): бул. Јане Сандански бр. 13-1/А, 1000 Скопје
  • Локација 3 (нас. Кисела Вода): ул. Мариовска бр. 2-А, 1000 Скопје
  • Локација 4 (Тетово): ул. Благоја Тоска бр. 222, 1200 Тетово

Контакт центар: 02 3179 001

За ваша поголема безбедност и заштита на личните податоци, за да го отворите документот (резултатот) испратен на вашата e-mail адреса, потребно е да ги внесете последните 6 цифри од вашиот матичен број како лозинка.

Авицена Лабораторија поседува меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2022.

Акредитацијата е издадена од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија (ИАРСМ), а опсегот на акредитација опфаќа биохемиско, имунолошко, микробиолошко и молекуларно тестирање на хумани примероци. Авицена Лабораторија е акредитирана уште од 2014 година, а сертификатот според MKC EN ISO 15189:2022 е реиздаден во 2026 година.

Avicena Corporate е програма наменета за компании и нивните вработени, која овозможува користење на посебни поволности и попусти за лабораториски услуги во Авицена Лабораторија.

Преку Avicena Corporate, компаниите добиваат можност да обезбедат дополнителна здравствена придобивка за своите вработени и нивните семејства, со едноставен и практичен пристап до лабораториски услуги.

За да ги искористат поволностите, вработените користат корпоративен код/ваучер, кој се презентира при посета на лабораторијата.