0%
Loading ...

За нас

ПЗУ Авицена Лабораторија

Авицена Лабораторија е современа специјалистичка дијагностичка лабораторија посветена на обезбедување прецизни, сигурни и навремени лабораториски резултати кои претставуваат основа за квалитетна здравствена грижа.

Со повеќе од две децении искуство и континуиран развој, лабораторијата претставува еден од водечките центри за лабораториска дијагностика во земјата, нудејќи широк спектар на рутински и високоспецијализирани анализи за пациентите и здравствените работници.

Нашиот тим

Во срцето на Авицена Лабораторија стои тим од над 110 професионалци - експерти посветени на прецизност, квалитет и секојдневна грижа.

доктори специјалисти по медицинска биохемија

дипломирани инженери по биохемија

лица административен персонал

доктори специјалисти по микробиологија

медицински лаборанти

молекуларни биолози меѓу кои и ембриолог

дипломирани економисти

20 години,

доверба, прецизност и

грижа за

вашето здравје

Иновации и експертиза

Авицена Лабораторија секоја година редовно воведува и голем број нови лабораториски анализи, создадени како резултат на директна соработка со едни од најголемите и најреномирани светски производители на тестови, реагенси и медицинска лабораториска опрема.

Стандарди на извонредност

Лабораторијата поседува меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2022, што претставува потврда за усогласеност со највисоките национални, европски и меѓународни стандарди во лабораториската медицина.

Технологија што ја движи иднината

Континуираното инвестирање во најсовремена технологија е еден од клучните столбови на Авицена Лабораторија. Во биохемиската лабораторија е имплементиран најновиот систем Atellica Solution на Siemens Healthineers, кој овозможува целосна автоматизација, дигитализација и AI-поддржани процеси. Микробиолошката лабораторија работи со најсовремени автоматизирани системи за идентификација на микроорганизми и одредување на антибиотска сензитивност, додека молекуларната лабораторија е опремена со најнова генерација на Seegene технологии за прецизни генетски и молекуларни анализи.