fbpx

Evalyn brush – упатство за употреба

Како изгледа Evalyn®Brush?

Evalyn®Brush е четка за самостојно земање примерок, долга околу 18 cm и се состои од проѕирен цилиндар со крилца и капаче. Во внатрешноста на проѕирниот цилиндар има розов клип што завршува со бела четка за земање примерок. Крајот на кој се наоѓа четката може да се отвори и да се затвори со розово капаче.

Инструкции за самостојно земање примерок

Evalyn®Brush е стерилно медицинско средство што ви овозможува да земете примерок во домашни услови. Користејќи ја Evalyn®Brush, може едноставно и безболно да земете вагинален клеточен материјал што понатаму се анализира во дијагностичка лабораторија.

НАПОМЕНА:

  • Не користете ја Evalyn®Brush ако пакувањето е оштетено или ако е изминат рокот на употреба.
  • Не користете ја Evalyn®Brush за време на менструален циклус. Почекајте вашиот циклус да заврши.
  • Не користете ја Evalyn®Brush за време на бременост или во првите три месеци по завршувањето на бременоста.
  • Не користете вагинални производи барем два/три дена пред употребата на Evalyn®Brush.
  • Вагинални контрацепциски средства, кондоми и лубриканти врз база на вода може да се користат вообичаено.
  • Evalyn®Brush е само за еднократна употреба. Повторната употреба може да резултира со инфекција и/или неправилна дијагноза.
  1. Темелно измијте си ги рацете пред употреба.
  2. Отстранете ја Evalyn®Brush од пакувањето. Не фрлајте го пакувањето, бидејќи е неопходно за праќање на примерокот во лабораторија.
  3. Притиснете ги страните на розовото капаче со палецот и показалецот за да го извадите капачето. Внимавајте да не го допирате со раце горниот бел дел на четкичката (над крилцата)!
  4. Заземете удобен став и стоечка позиција слично како при ставање вагинален тампон.
  5. Раширете ги срамните усни со едната рака, а со другата вметнете ја четката во вагината сè додека крилцата не ги допрат усните.
  6. Со едната рака држете го проѕирниот цилиндар, а со другата рака турнете го розовиот клип во правец навнатре. Ќе слушнете „клик“ кога четката е во вистинската позиција.
  7. Розовиот клип завртете го петпати во иста насока. По секое завртување ќе слушнете „клик“. Ова ќе ви помогне да ги изброите завртувањата. Откако ќе ги направите сите 5 завртувања, внимателно отстранете ја Evalyn®Brush од вагината.
  8. Држете го проѕирниот цилиндар со едната рака, а со другата рака повлечете го розовиот клип сè додека белата четка целосно не навлезе во проѕирниот цилиндар. Додека го правите ова, не допирајте го врвот на четката над крилцата.
  9. Држете го проѕирниот цилиндар со цел четката да не излезе повторно. Ставете го розовото капаче со палецот и показалецот. Ќе слушнете „клик“ кога капачето е во правилна позиција.
  10. Вака затворената Evalyn®Brush вратете ја во пакувањето.
  11. Пакувањето заедно со Evalyn®Brush ставете го во ќесето што го добивте во комплетот. Чувајте го примерокот на собна температура.
  12. Внесете ги вашите лични податоци во изјавата/формуларот и однесете го примерокот во лабораторијата.*Времето од земање на примерокот до прием во лабораторија да не е подолг од 24 часа.

упатството за употреба на Evalyn®Brush на македонски јазик

ПРИМЕРОКОТ ДОНЕСЕТЕ ГО НА НЕКОЈА ОД СЛЕДНИТЕ ЛОКАЦИИ:

ЛОКАЦИЈА 1

НАСЕЛБА ТАФТАЛИЏЕ

Бул. „8-ми Септември“ бр. 2, лок. 1, 1000 Скопје email: lab@avicenalab.com.mk

ЛОКАЦИЈА 2

НАСЕЛБА АЕРОДРОМ

Бул. „Јане Сандански“ бр. 13-1/A 1000 Скопје email: lab2@avicenalab.com.mk

ЛОКАЦИЈА 3

НАСЕЛБА КИСЕЛА ВОДА

Ул. „Мариовска“ бр.2-А, 1000 Скопје email: lab4@avicenalab.com.mk

ЛОКАЦИЈА 4

TEТОВО

Ул. „Благоја Тоска“ бр. 222, 1200 Teтово email: labtetovo@avicenalab.com.mk

Хуман папиломавирус (ХПВ) е најчеста сексуално пренослива инфекција и водечка причина за рак на грлото на матката кај жените. Инфекциите со ХПВ често се асимптоматски и можат да останат „тивки“ многу години пред да почнат да се манифестираат со било какви симптоми. Ова е особено опасно бидејќи, без да имате било какви симптоми може да настанат промени во вашите цервикални клетки, што може да доведе до рак на грлото на матката. Најдобар начин за спречување на болеста и рано откривање на ракот на грлото на матката е редовниот скрининг за ХПВ вирус.

Долготрајната инфекција со високоризичен HPV може предизвика клеточни абнормалности кои на крајот може да резултираат со рак на грлото на матката. Затоа, тестирањето за присуство на HPV е важен начин за превенција на рак на грлото на матката.

Evalyn® brush e стерилно медицинско средство што овозможува земaњe примерок за HPV тест во домашни услови. Користејќи ја Evalyn®Brush, може едноставно и безболно да земете примерок кој понатаму ќе се анализира во нашите лаборатории.

Evalyn®Brush е четка за самостојно земање примерок, долга околу 18 cm и се состои од проѕирен цилиндар со крилца и капаче. Во внатрешноста на проѕирниот цилиндар има розов клип што завршува со бела четка за земање примерок. Крајот на кој се наоѓа четката може да се отвори и да се затвори со розово капаче.

Резултатите од опсежните студии покажуваат дека Evalyn®Brush може да игра важна улога во реализација на успешен скрининг за цервикален карцоном, со 98% со примероците земени од страна на лекар, што ја прави Evalyn®Brush соодветна за примарен скрининг метод.

  1. Подигнете го комплетот Evalyn во некоја од нашите лаборатории
  2. Земете примерок сами следејќи ги упатствата во комплетот
  3. По 24 часа од земање на примерокот, донесете го за обработка во Авицена Лабораторија

Донесениот примерок ќе биде анализиран со помош на Multiplex real-time PCR технологија за високосензитивна и специфична молекуларна детекција и генотипизација на 19 високоризични и 9 нискоризични типови на HPV вирус (Human papillomavirus):

19 ВИСОКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV (16, 18, 26, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 53, 56, 58, 59, 66, 68, 69, 73, 82)

9 НИСКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV (6,11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70)

  • Валидиран во многу студии и различни скрининг програми.
  • Се користи во 53 земји во светот, отсега за првпат и во нашата земја, достапно во нашите лаборатории.
  • Безболно, безбедно и доверливо.
  • Лесно и едноставно за употреба.
  • Благодарение на уникатниот дизајн на четката, се гарантира доволно и точно земање клеточен материјал за обработка на примерокот.

Како да земете примерок сами?

Со направен ХПВ тест со четката Evalyn, можете да го спречите ракот на грлото на матката во рана фаза, да откриете можни високоризични типови на ХПВ и да побарате навремен третман. Evalyn е еден од најсигурните уреди за земање примероци за скрининг за ХПВ во светот, кој е удобен, но подеднакво (99.8%) ефикасен како примерок земен од страна на доктор/гинеколог. Погледнете го:

  1. упатството за употреба на Evalyn®Brush на македонски јазик
  2. упатството за употреба на Evalyn®Brush на албански јазик

Видео туторијал за користење на Evalyn®Brush

  • Не користете ја Evalyn®Brush ако пакувањето е оштетено или ако е изминат рокот на употреба.
  • Не користете ја Evalyn®Brush за време на менструален циклус. Почекајте вашиот циклус да заврши.
  • Не користете ја Evalyn®Brush за време на бременост или во првите три месеци по завршувањето на бременоста.
  • Не користете вагинални производи барем два/три дена пред употребата на Evalyn®Brush.
  • Вагинални контрацепциски средства, кондоми и лубриканти врз база на вода може да се користат вообичаено.
  • Evalyn®Brush е само за еднократна употреба. Повторната употреба може да резултира со инфекција и/или неправилна дијагноза.
  1. Темелно измијте си ги рацете пред употреба.
  2. Отстранете ја Evalyn®Brush од пакувањето. Не фрлајте го пакувањето, бидејќи е неопходно за праќање на примерокот во лабораторија.
  3. Притиснете ги страните на розовото капаче со палецот и показалецот за да го извадите капачето. Внимавајте да не го допирате со раце горниот бел дел на четкичката (над крилцата)!
  4. Заземете удобен став и стоечка позиција слично како при ставање вагинален тампон.
  5. Раширете ги срамните усни со едната рака, а со другата вметнете ја четката во вагината сè додека крилцата не ги допрат усните.
  6. Со едната рака држете го проѕирниот цилиндар, а со другата рака турнете го розовиот клип во правец навнатре. Ќе слушнете „клик“ кога четката е во вистинската позиција.
  7. Розовиот клип завртете го петпати во иста насока. По секое завртување ќе слушнете „клик“. Ова ќе ви помогне да ги изброите завртувањата. Откако ќе ги направите сите 5 завртувања, внимателно отстранете ја Evalyn®Brush од вагината.
  8. Држете го проѕирниот цилиндар со едната рака, а со другата рака повлечете го розовиот клип сè додека белата четка целосно не навлезе во проѕирниот цилиндар. Додека го правите ова, не допирајте го врвот на четката над крилцата.
  9. Држете го проѕирниот цилиндар со цел четката да не излезе повторно. Ставете го розовото капаче со палецот и показалецот. Ќе слушнете „клик“ кога капачето е во правилна позиција.
  10. Вака затворената Evalyn®Brush вратете ја во пакувањето.
  11. Пакувањето заедно со Evalyn®Brush ставете го во ќесето што го добивте во комплетот. Чувајте го примерокот на собна температура.
  12. Внесете ги вашите лични податоци во изјавата/формуларот и однесете го примерокот во лабораторијата.*Времето од земање на примерокот до прием во лабораторија да не е подолг од 24 часа.

Напомена: За сите наши пациенти кои преферираат да донесат примерок земен од страна на доктор/гинеколог можат тоа да го направат на сите наши локации во текот на целото работно време. Самостојното земање примерок во домашни услови со Evalyn®Brush е дополнителна уште една олеснителна опција за тестирање за ХПВ вирус.

Цена на тестирањето: 3100 денари

Време на издавање резултати: 48 часа

Понекогаш, одредени лица имаат невообичаена реакција кон одредена храна или состојка од храна! Интолеранција на храна претставува одложена реакција на организмот на одреден вид храна или состојки од храна, при која се создаваат специфични IgG антитела. Станува збор за низок степен на долготрајна хронична воспалителна реакција што трае сè додека се консумира храната што ја поттикнува реакцијата.

Тестови за интолеранција на храна со најнова технологија, достапни во Авицена Лабораторија:

Панел 1Панел 3Панел 5
Ги содржи следните видови храна: Лосос, Бакалар, Харинга, Ракчиња, Школки, Свинско месо, Говедско месо, Пилешко месо, Пченица, ‘Рж, Овес, Пченка, Ориз, Хељда, Амарант, Морков, Целер, Зелка, Лук, Кромид, Грашок, Боранија, Соја, Кикирики, Домат, Краставица, Компир, Синап, Белка од јајце, Жолчка од јајце, Млеко, Козјо млеко, Овчо млеко, Портокал, Банана, Јаболко, Киви, Лешник, Орев, Бадем.Ги содржи следните видови храна: Туна, Пастрмка, Северноатлантски бакалар, Харинга, Острига, Ракчиња, Месо од патка, Пилешко месо, Мисиркино месо, ‘Рж, Хељда, Јачмен, Тврда пченица, Просо, Киноа, Глутен, Домат, Кромид, Тиквичка, Зелена маслинка, Леќа, Грашок, Боранија, Млеко, Овчо млеко, Козјо млеко, Банана, Киви, Лимон, Јагода, Ананас, Сончогледово семе, Семе од тиква, Синап, Босилек, Ѓумбир, Кафе, Какао, Шампињони, Ориз.Ги содржи следните видови храна: Штука, Сардина, Костреш (риба), Халибут (риба), Еленско месо, Телешко месо, Анасон, Бакла, Спанаќ, Кељ, Модар патлиџан, Цвекло, Шпаргла, Црвен грав, Јапонска трупка (дајкон), Прокељ, Папаја, Јогурт, Моцарела, Павлака, Изварка, Нектарина, Црвена рибизла, Брусница, Грејпфрут, Суво грозје, Црна рибизла, Лубеница, Пекански орев, Бразилски орев, Кокосов орев, Борови семки-пињоли, Макадамиски орев, Морско оревче, Мајчина душица Жалфија, Семе од коријандер, Ленено семе, Костен, Келп (морска трева).
Цена за изработка на еден панел 4200 денари, изработка на два панели одеднаш 7900 денари, изработка на сите три панели одеднаш 10500 денари.

Интолеранција (Нетолеранција) на лактоза претставува неможност или намалена способност за варење на млечниот шеќер – лактоза, најзастапениот јаглехидрат во млекото поради недостаток на интестиналниот ензим лактаза. Лактазата природно се наоѓа во тенкото црево и ја разградува лактозата на поедноставни, лесно сварливи шеќери гликоза и галактоза. Дефицитот на лактаза може да се манифестира на два начина: како недоволна количина на лактаза (хиполактазија) или како комплетен недостаток на лактаза во цревата (алактазија).

ВоАвицена Лабораторија се работи најсовремен тест за генетско тестирање на интолеранција на лактоза со метод на Real-Time PCR. Тестот врши идентификација на два полиморфизми лоцирани на интрон 9 (С/Т13910) и 13 (G/A 22018) на MCM6 генот, кои се поврзани со перзистенција на лактазната активност кај возрасни и деца.

Примерок: венска крв

НОВА НАМАЛЕНА ЦЕНА : 2000 денари

Издавање резултати за еден работен ден

Целијачната болест е автоимуно заболување (наречена уште и ентеропатија), која се карактеризира со нетолеранција на глутен. Се дефинира и како мултифакторна болест со силна генетска компонента. Генетската подложност кон целијачна болест вклучува присуство на HLA-DQ2 / HLA-DQ8 хетеродимери, кои играат клучна улога во патогенезата на болеста, за активација на имунолошкиот одговор. Кај 90-95% од пациентите со целијакија постои експресија на HLA-DQA1*05 / DQB1*02 хетеродимерот.

Во Авицена Лабораторија е достапен високосензитивен молекуларен тест за одредување генетска склоност кон целијакија, со анализа на ДНК изолирана од крвта на пациентот.Тестот се базира на RT PCR технологија за брза и прецизна идентификација на HLA алели од класа II – специфични за целијакија.

Примерок: венска крв

НОВА НАМАЛЕНА ЦЕНА: 4500 денари

Издавање резултати за еден работен ден


Цена за изработка на еде панел 4200 денари, изработка на два панели одеднаш 7900 денари, изработка на сите три панели одеднаш 10500 денари.


Препораки од Николина Мечкаровски, раководител на приемниот оддел во Авицена Лабораторија

Подготвувањето на децата за лабораториски анализи може да биде вистински предизвик. Обидете се смирено и разбирливо да ги објасните фазите низ кои ќе помине детето, уверувајќи го за вашето присуство, како родител покрај него во текот на целиот процес.

Во продолжение прочитајте неколку совети кои можат да ви помогнат да го подготвите вашето дете за посета на лабораторија.

БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

Пред да дојдете во лабораторија, информирајте се за сѐ она што може да ви создаде грижа или не ви е доволно јасно. Со ова, вие ќе бидете спокојни и смирени. Доколку вие самите сте вознемирени, многу веројатно е дека и вашето дете ќе се вознемири.

Пред да ја посетите нашата лабораторија, за подетални информации во врска со лабораториските анализи и целата процедура на земање примероци можете да не побарате на телефонскиот број 02 3179 001. Ви стоиме на располагање!

ПОСТАВЕТЕ РЕАЛНИ ОЧЕКУВАЊА

Едно од најдобрите нешта е да му кажете на вашето дете што вистински ќе се случува. Наместо да му кажете дека земањето крв од прст или вена воопшто нема да боли, доколку возраста на детето е соодветнa, пробајте да му објасните на детето дека земањето примерок трае многу кратко, минималната болка веднаш поминува и дека цело време ќе бидете до него. Пред да влезете во просторијата, разговарајте за тоа кого ќе види детето и што ќе направат, за детето да има реални очекувања.

Ако сметате дека е потребно, дајте ветување за некоја заедничка забавна активност која може да ја направите после посетата на лабораторијата. Така, детето ќе знае што да очекува, а помислата за активноста, наградата или охрабрување ќе го натера да сака да соработува со медицинскиот персонал. После земањето примерок, пофалете го за неговото однесување.

Во нашата лабораторија вработените кои земаат примероци и оние кои ве пречекуваат на наплатниот пулт носат шарени униформи со цел да се избегне стравот кај децата од белите мантили. Во склоп на нашата лабораторија во Скопје, населба Тафталиџе е достапен комплетно нов, уникатен простор за прием на дечиња, сè со цел подобрување на корисничкото искуство и овозможување на квалитетна грижа за здравјето на нашите најмали клиенти.

Детско катче се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“. Просторот е целосно реновиран, преуреден и уникатно дизајниран, се состои од приемен дел, чекална и две простории наменети за земање примероци и друг материјал исклучиво за дечиња и трудници. Со ова се овозможува децата да имаат посебен интерактивен простор само за нив.

Детското катче е соодветно опремено и прилагодено за потребите и интересите на децата од најразлична возраст и има единствена цел, престојот во лабораторија да биде исполнет со забава, игра и смеа.

Посетете го нашето детско катче во Авицена Лабораторија Скопје, населба Тафталиџе!

ПЛАНИРАЈТЕ ГО ВРЕМЕТО НА ПОСЕТА

Планирајте ја посетата кога Вашето дете не е изморено и гладно. Доколку е потребно да се направи тест на гладно, направете го тоа како прво нешто во денот, и понесетe некоја ужинка која ќе му ја понудите по земањето примерок.

РАЗГОВАРАЈТЕ СО ВАШЕТО ДЕТЕ

Вие си го познавате вашето дете најдобро. Разговарајте со него пред да дојдете во лабораторија. Измислете некоја игра во која ќе се натпреварувате кој ќе издржи да седи мирен подолго. Научете го детето длабоко да земе воздух дури броите до 3 и да издише. Вежбите со дишење ќе му помогнат на детето само да има контрола врз своето тело.

ОДВЛЕЧЕТЕ МУ ГО ВНИМАНИЕТО

За време на вадењето крв, најдобро е и мислите и очите на детето да не се насочени кон самата ланцета или игла. Имајте на ум алтернативен фокус, како што е гледање интересна книга што сте ја донеле или пеење омилена песна. Земете некоја играчка од околината или понудете му да погледне во цртаниот филм.

Како и кај возрасните, така и кај децата, режимот на исхрана 24 часа пред посетата на лабораторија од суштинско значење. За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е припрема која подразбира земање на примерок (на празен стомак) наутро, 12 часа од последниот оброк. Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето на крвта доведува до пораст на одредени биохемиски параментри.

Еден ден пред лабораториските анализи:

Треба да се консумира лесна храна (најдобро варена, не пржена);

  • Храната да не е преоптеретена со масти и шеќери;
  • Последниот оброк да не е обилен и да е најдоцна до 19 часот;
  • Децата често се многу енергични и полни со живот, а дел од нив се занимаваат и со одредени спортови. Сепак, се препорачува да се избегнуваат интензивни спортови еден ден пред посетата на лабораторијата, бидејќи активноста може да се одрази на резултатите на поединечни ензими.

Прегледот и разговорот со вашиот лекар пред бременоста е првиот чекор во планирањето на здрава бременост. Здравјето пред зачнувањето е здравјето на жената пред да забремени. Тоа значи да се познаваат здравствените состојби и факторите на ризик кои можат да влијаат на жената или на нејзиното бебе, доколку таа забремени.

Целта на разговорот со лекарот е да се дискутира за нештата кои би можеле да влијаат на вашата бременост. Идентификувањето на некои ризик фактори е важно бидејќи првите недели од бременоста е времето кога се развиваат главните органи кај фетусот. На пример, некои видови храна, навики и лекови можат да му наштетат на вашето бебе – дури и пред да биде зачнато. Некои здравствени состојби, како што е дијабетесот, исто така може да влијаат на бременоста.

ХЕМАТОЛОШКИ АНАЛИЗИ

Вообичаената крвна слика е добар показател за општата здравствена состојба, вклучувајќи го нивото на хемоглобин и тромбоцитите. Нивото на хемоглобин е важно за време на бременоста бидејќи хемоглобинот обезбедува кислород на нероденото бебе.

Маркери за железо: Анализа на серумското железо, феритин и трансферин се користат како лабораториски анализи пред и за време на бременоста. Важно е да се провери нивото на железо кај пациентите пред бременоста, бидејќи недостатокот на железо е чест проблем кај бремените жени и може да доведе до замор и анемија доколку не се лекува.

БИОХЕМИСКИ АНАЛИЗИ

Витамин Д: Да се ​​провери дали нивото на витамин Д е доволно. Ако пациентката има дефицит на витамин Д, нејзиниот организам може да не го апсорбира правилно калциумот, што ќе влијае и на здравјето на коските и на коските на бебето кое е во развој.

Лабораториски анализи на функција на црниот дроб и бубрезите: Хепаталните ензими и анализа на деградационите продукти (уреа, креатинин) и електролите (натриум,калиум) се ​​користат како основна линија за следење на здравјето за време на бременоста. Абнормалните резултати за време на бременоста може да бидат резултат на нарушувања специфични за бременоста, како што е прееклампсија.

АНАЛИЗА НА ХОРМОНИ

TSH (тироидно-стимулирачки хормон): Нерамнотежата на тироидните хормони може да влијае на репродуктивните процеси кај жената (на пр.на овулацијата), а со тоа и на нејзината плодност. Добрата функција на тироидната жлезда на мајката е од клучно значење за развојот на мозокот на бебето, особено во текот на првиот триместар кога бебето е зависно од снабдувањето на мајката со тироидни хормони.

FSH (фоликуло-стимулирачки хормон) и LH (лутеинизирачки хормон): Овие репродуктивни хормони помагаат во одржување на здрав менструален циклус и овулација.

AMH (анти-Müllerian хормон): Оваа лабораториска анализа служи за проверка на резервите на јајниците на пациентот (тест за оваријална резерва).

МИКРОБИОЛОШКИ ТЕСТОВИ ЗА СЕКСУАЛНО-ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ И ДРУГИ ИНФЕКТИВНИ ЗАБОЛУВАЊА

Голем број на инфективни патогени можат да влијаат на здравјето на мајката и плодот и да имаат сериозни последици кои резултираат со прекин на бременоста.

Тест за хламидија и гонореја: ова се бактериски и често асимптоматски инфекции, кои може да доведат до тешки компликации, вклучително и неплодност доколку не се лекуваат.

ТОRCH анализи (Токсоплазма, рубеола, цитомегаловирус и херпес). Присуството на некој од овие инфективни причинители може драматично да влије на текот на бременоста и да предизвика спонтан абортус, или да предизвика оштетување на нервниот систем и различни развојни нарушувања кај бебето.

Хепатитис Б и ХИВ

Сифилис: Идентификацијата и лекувањето на сифилисот пред бременоста е важно, бидејќи вродениот сифилис може да доведе до спонтан абортус, раѓање на мртво дете или здравствени проблеми кај бебето.

Парвовирус: Ако пациентката ја зарази оваа инфекција додека е бремена, веројатноста за спонтан абортус драстично се зголемува.

ТЕСТОВИ ЗА ГЕНЕТСКИ СКРИНИНГ

Со овој тип на тестови, може да се детектира дали идните родители се носители на носители на одредени мутации на гени, кои можат да доведат до појава на болест кај идните поколенија.

Овој текст е од информативен карактер, а наведените анализи се прават со претходна консултација со матичниот лекар или гинеколог. Во зависност од здравствената состојба, лекарот/гинекологот може да побара да се направат и дополнителни анализи.

Може да ве интересира…

Helicobacter pylori (H. pylori) е вид на бактерија која предизвикува инфекција во желудникот и во дванаесетпалечното црево. Оваа бактерија е главната причина за хроничен гастритис, чир на желудникот и дуоденумот.

Инфекцијата може да се пренесе со директен контакт со заразено лице или со голтање преку контаминирана вода или храна.

Helicobacter pylori е бактерија во форма на спирала која нормално се наоѓа во желудникот. Се смета дека неговата спирална форма еволуирала за да му овозможи полесно да навлезе во слузницата на желудникот и со тоа да предизвика инфекција. Бактеријата Helicobacter pylori е прилагодена да живее во кисела средина како што е онаа во желудникот.

Оваа бактерија лесно може да ја промени средината и да ја намали киселоста на желудникот за полесно да преживее.

Симптоми
Повеќето луѓе со инфекција со H. pylori може и никогаш да не развијат симптоми на болеста, но бактеријата секако може да ја оштети внатрешната заштитна обвивка на желудникот и да предизвика компликации.

Симптоми на инфекција со H.pylori:

  1. досадна болка која се чувствува како да ви „гори“ желудникот, особено на празен стомак
  2. надуеност
  3. гадење или нагон за повраќање
  4. често подригнување
  5. слаб апетит и губење на тежината

Кај чир на желудникот, обично се јавува горење болка и се влошува после јадење. Во случај на дуоденален улкус, болката најчесто се јавува во текот на ноќта кога стомакот е празен, а престанува со внесување храна. Луѓето со активна инфекција со Helicobacter pylori исто така се изложени на зголемен ризик од развој на рак на желудникот (иако се смета дека ова е ретко).

Тестови за Helicobacter pylori достапни во Авицена Лабораторија:

Анализа на фецес за Helicobacter pylori * Цена: 900 ден.

Серолошки тест за присуство на IgG антитела кон Helicobacter pylori Цена: 900 ден.

Серолошки тест за присуство на IgA антитела кон Helicobacter pylori Цена: 900 ден.

*Примерок од столицата/фецес треба да се земе со големина на лешник во стерилниот сад за примероци. Неопходно е примерокот да е свеж и треба да се донесе во лабораторија што е можно поскоро, односно не по доцна од 2-3 часа. Не е потребна посебна подготовка и може да се земе примерок од столицата во секое време од денот.

Како да се заштитите од инфекција со Helicobacter pylori?
Со цел да се спречи и спречи ширењето на инфекцијата со H. Pylori, се препорачува практикување здрави навики и редовна хигиена. Можете да го намалите ризикот од инфекција со преземање на следниве мерки:

  • Често мијте ги рацете (особено пред готвење или јадење, како и по користење на тоалетот)
  • Користете чиста вода за пиење (славина, флаширана)
  • Избегнување на јадење храна која не е правилно исчистена или соодветно термички обработена

Секогаш консултирајте се со вашиот матичен лекар во однос на вашите симптоми и вашите сомнежи во врска со вашето здравје.

За дополнителни информации во однос на лабораториските анализи за детекција на Helicobacter pylori можете да не побарате на 02 3179 001.

Имаме само еден живот, и само еден црн дроб. Хепатитисот може да ги уништи и двете.

Црниот дроб тивко извршува над 500 витални функции секој ден за не одржи во живот.

Но, инфекцијата со вирусен хепатитис е исто така тивка, симптомите се појавуваат само откако болеста е напредната. Иако постојат многу различни типови на вируси на хепатитис А, Б, Ц, Д, Е, хепатитисот Б и Ц се најзагрижувачки и предизвикуваат скоро 8000 нови инфекции секој ден, кои главно остануваат неоткриени.

Резултат од ова се над еден милион смртни случаи поврзани со хепатитис секоја година – и една нова хронична инфекција на секои десет секунди.*

Затоа здравјето на црниот дроб е од фундаментално значење за здравјето на луѓето.

Постојат вакцини и ефективни третмани за хепатитис Б, па дури и лек за хепатитис Ц – МОЖЕТЕ да се заштитите себеси и вашите најблиски.

Достапни анализи во Авицена Лабораторија за детекција на Хепатит:

  • Anti Hbc
  • Anti HBe
  • Anti Hbs
  • Hbe Ag
  • HAV Igm total
  • HCV (квантитативно)
  • HBs Ag (квантитативно)

Анализите се достапни во сите наши лаборатории без претходно закажан термин.

Разговарајте со вашиот доктор за да дознаете како да се заштитите или како да се тестирате за хепатитис.

*Извор: Светска Здравствена организација (WHO – World Health organization)

Внесувајте многу течности! Избегнувајте алкохол и сокови со висока концентрација на шеќери и конзерванси. Пијте многу вода!

Јадете лесни оброци! Во вашите оброци, внесувајте голема количина на овошје и зеленчук, кои имаат висока концентрација на вода. Избегнувајте храна богата со масти!

Носете светла памучна облека! Избегнувајте темни парчиња облека од материјал кој дополнително го поти телото. Носете капа за заштита.

Редовно нанесувајте заштитен фактор на лицето и телото. Нанесувајте заштитни креми на секои 3-4 часа.

Одложете ги активностите! Избегнувајте да излегувате во периоди од 11 до 18 часот. Сите обврски завршете ги наутро или после 18 часот.

ЗА ВОЗРАСНИ

За време на топлотни бранови, вашето здравје може да се влоши брзо. Треба да се преземат одредени мерки на претпазливост за да бидете поудобни и да ги намалите здравствените ризици за вас и вашите најблиски.

Освежувајте се често:

  • Бидете добро хидрирани. Пијте 6-8 чаши безбедна вода дневно.
  • Често туширајте се, за да се лади телото.
  • Поминувајте најмалку 2 часа на ден во климатизирани места (библиотеки, трговски центри и сл.).

Заштитете се од топлина:

  • Ограничете го физичкиот напор. Ограничете ја физичката активност, особено во средината на денот, кога е најтопло.
  • Носете светла облека и лесна облека, наочари за УВ заштита и капа.
  • Користете креми со заштитен УВ фактор.
  • Следете ги препораките на здравствените установи од вашиот регион.
  • Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 10 до 17 часот.
  • Одбегнувајте алкохол и акохолни пијалоци, како и пијалоци шо содржат кофеин како и екстремно ладни пијалоци.
  • Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.

ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА

За време на топлотни бранови, здравјето на бебињата и децата може да се влоши брзо. Треба да се преземат одредени мерки на претпазливост за да им биде поудобно и да се намалат здравствените ризици.

Хидрирајте ги Вашите деца:

  • Дајте им чаша вода на секои 20 минути.
  • Почесто доете го Вашето бебе.

Освежувајте ги Вашите деца често:

  • Во базен или во бања или туш најмалку двапати дневно.
  • Освежете ја кожата со влажна крпа неколку пати на ден.

Заштитете ги Вашите деца од топлина:

  • Облечете ги во лесна облека.
  • Покријте ја главата со широка шапка.
  • Никогаш не ги оставајте сами во слабо вентилирана просторија.
  • Никогаш не ги оставајте сами во затворен автомобил изложен на директно сонце.

Ограничете ја нивната изложеност на топлина:

  • Ограничете ги нивните активности на отворено, како што се спортските натпревари и други физички активности во најтоплиот дел од денот.
  • Планирајте активности на отворено пред 10 часот и по 18 часот. Кога топлината е помалку интензивна и Ув зрачење е помало.

Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место колку што е можно побрзo. Веднаш напиjте се вода или негазиран минарален пијалак за да се рехидрирате. Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час. Ако некој член на вaшето семејство или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бессознание, веднаш повикајте 194!

Додека се чека итната медицинска помош префлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите; отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;

Други можни ризици по здравјето при високи температури се:

  • Труење со храна и појавата на цревни заразни заболувања!
  • Пред употреба задолжително е миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) со безбедна вода за пиење.
  • Термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фиржидер на +4оС, а пред употребата да се загрее на +100оС.
  • Избегнувајте прехрамбени производи кои термички не се обработени, и бидете внимателни со консумација на сладолед и разни кремови.

Извори:

Светска Здравствена организација (WHO – World Health organization) https://www.who.int/

Институт за јавно здравје на Северна Македонија https://www.iph.mk/

Како да се заштитите од убод од крлеж

Ви претставувме неколку совети како да избегнете убод од крлеж, што да направите ако најдете крлеж на вас, како да препознаете каснување од крлеж и многу повеќе.

Додека луѓето уживаат на отворено ова лето, треба да запомнат дека не се единствените што го користат топлото време. Потоплите и подолгите лета значат подолга сезона на крлежи. Здравствените власти предупредуваат на особено лоша година за крлежите, а Центрaрот за контрола и превенција на болести (Centers for Disease Control and Prevention -CDC) претходно оваа година објави дека случаите на болестите што се пренесуваат преку крлежи се зголемуваат се’ повеќе и повеќе.

Најдобар начин да се избегне болест што се пренесува преку крлеж е, да избегнете каснување од крлеж.

Еве што треба да знаете за да се заштитите од крлежи и што да правите ако сте каснати.

Како да се заштитите од крлежи?

Клучен фактор е да се носи правилна облека.

Пример, ако шетате низ предели со висока трева, во паркови или шумски области, носете долги панталони и кошули со долги ракави, и вметнете ги панталоните во чорапите за крлежите да не можат допрат до кожата, а потоа проверете ја облеката и кожата дали има крлежи кога ќе се вратите. Кога се проверувате, задолжително обрнете внимание околу глуждовите или нозете. Ако сте биле надвор неколку часа или се проверувате после неколку дена, тие би можеле да мигрираат каде било, па нека ви помогне пријател или член на семејството да го провери вашиот грб и линијата на косата.

Што да направите ако најдете крлеж на себе?
Треба веднаш да се отстрани крлежот! Но задолжително треба да се отстрани целиот организам. Вашиот лекар или тимот од итна нега може да ви помогне да го отстаните овој инсект безбедно од вашата кожа!

Избегнувајте сами да го отстраните!

Никогаш не дозволувајте да се скрши крлежот (да остане некој дел од неговото тело во вашата кожа), не фаќајте го крлежот за средината или не ја притискајте неговата содржина назад во вашето тело препорачуваат докторите. Исто така, никогаш да не користете вазелин или кибрит или кој било предмет споменат во старите митови за да отстранување на крлеж.

Како да знаете дека сте каснати од крлеж?
За жал, не постои начин лесно да се препознае каснување од крлеж од каснување на друго животно, како што е каснување од пајак или комарец. Единствениот начин на кој навистина знаеш дали те каснал крлеж е ако го најдеш крлежот вграден во тебе, додека те каснува.

Тие се сместуваат за да се наполнат со крв, а возрасните остануваат на ден или два пред целосно да се затрупаат, па многу луѓе го наоѓаат крлежот пред да падне.

Каснувањето од крлеж е обично црвено подигнато испакнато како непријатен убод од каснување од комарец. Ако има осип, сте развиле инфекција и веднаш упатете се кон најблиската медицинска установа за да ви пружат нега.

Што треба да направите ако сте каснати од крлеж или се сомневате во болест што ја пренесува крлежот?
Симптомите на болеста што се пренесува преку крлежи вклучуваат треска, главоболки, болки во зглобовите и осип.

Ако развиете треска, малаксаност или осип откако сте биле во област каде што крлежите се активни, се препорачува веднаш да ве прегледа вашиот лекар.

Можете да бидете тестирани за болести кои се пренесуваат преку крлежи, тестовите откриваат антитела, или присуство на бактерија пренесена од крлеж. Ако најдете натрупан крлеж на вашето тело што е очигледно таму некое време, вие сте изложени на поголем ризик за болест. Морате веднаш да посетите лекар кој може да помогне да се спречи Лајмската болест да се развие.

Што е Лајмска болест (Lyme disease)?

Лајмската болест е мултисистемско заболување кое има субакутен и хроничен тек, а го предизвикува бактеријата Borrelia burgdorferi, која ја пренесува крлежот со својот убод на домаќинот. Оваа болест првенствено ја зафаќа кожата, а потоа срцето, зглобовите и централниот нервен систем. Лајмската болест се манифестира со појава на локален оток и црвенило на местото на убодот и во околината и тоа 3-32 дена по инцидентот.

Локалното црвенило е топло и обично не е болно. Кај 50% од пациенетите идентични промени може да се јават и на други делови од телото, а кај 15% пациенти може да не се јават кожни промени. Освен промените на кожата, може да се јави и покачена температура, треска, малаксаност, главоболка и зголемување на регионалните лимфни јазли.

Доколку болеста не се препознае и не се лекува, после 6-8 недели се развива вториот стадиум на болеста, кој се карактеризира со невролошки симптоми, појава на болки во зглобовите и кардиолошки симптоми.

Третиот стадиум настапува кај нелекувани лица кај кои после десет месеци или повеќе години се развиваат трајни оштетувања на зафатените органи.

Во микробиолошката лабораторија при Авицена Лабораторија во своето портфолио на тестови содржи високоспецифичен, индиректен имунофлуоресцентен тест за детекција на IgG и IgM антитела кон Borrelia Burgdorferi sensu lato од серум (крв).
Потребен примерок: крв
Испитувањето е потребно да се направи 1-8 недели по каснување од крлеж.
Цена: 1600 денари

Oтсега е достапен и тест за молекуларна детекција на Borrelia Burgdorferi sensu lato complex со real-time PCR преку крв, со кој може директно да се докаже присуство на бактеријата Borrelia burgdorferi. Резултатите се издаваат за 1 ден. Испитувањето може да се направи 5 дена по каснување од крлеж.
Примерок: крв
Цена: 1950 денари

HPV ТЕСТ (Human papillomavirus)

ШТО ПРЕТСТАВУВА HPV?

HPV е име на група на вируси. Постојат околу 40 типови на HPV ( Human papillomavirus) кои се сексуално – преносливи, кои ги зафаќаат половите органи кај мажите и жените. Некои типови HPV (на пример тип 6, тип 11, предизвикуваат прoмени кои се нарекуваат генитални брадавици, додека други типови, кои се нарекуваат високоризични на пример тип 16, тип 18 и други, можат да предизвикаат CIN промени (абнормален раст на клетки) кои водат до развој на карцином на грлото на матката.

КАКО МОЖЕ ДА ДОБИЈАМ ХПВ?

HPV се пренесува со генитален контакт, најчесто преку вагинален или анален сексуален однос. Најголем број од луѓето не знаат дека го имаат вирусот или дека го пренесуваат на својот партнер. Затоа, најчесто не е возможно да се знае кој го пренел вирусот и кога се случила инфекцијата.

ДАЛИ ПОСТОИ ДРУГ НАЧИН ЗА ИНФЕКЦИЈА СО HPV?

Постојат повеќе заблуди околу тоа како може да се добие HPV. Меѓутоа, важно е да се знае дека кондомите не овозможуваат 100% заштита од HPV. Бидејќи вирусот се наоѓа и во кожата околу гениталиите, вирусот многу лесно може да преминe од гениталната регија на мажот во вагината, вулвата или анусот кај жената.

Како HPV предизвикува рак на грлото на матката?

Вирусот на HPV предизвикува абнормален раст на клетките од грлото на матката. Во голем број случаи, HPV исчезнува сам по себе. Меѓутоа кога инфекцијата со HPV трае извесно време, од абнормалните клетки може да се развие карцином (рак на грлото на матката или на други делови на телото).

Дали ракот на грлото на матката може да се (превенира) спречи?

Да. Постојат тестови со кои може да се пронајдат рани знаци, уште пред да се развијат симптомите. На овој начин, проблемот ќе се пронајде и реши уште пред да се равие во карцином. ТАКВИ ТЕСТОВИ СЕ PAP-ТЕСТ И HPV-ТЕСТ.

ШТО Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ PAP-ТЕСТ И HPV- ТЕСТ?

И двата теста овозможуваат да се направи скрининг за цервикален карцином. Со PAP-тестот се бараат промените на клетките кои може да доведат до карцином. Со HPV-тестот се бара и детектира вирусот на HPV кој ги предизвикува овие промени.

ДАЛИ ЌЕ ДОБИЈАМ РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА АКО ИМАМ HPV?

Оние жени кои имаат HPV се препорачува задолжително да ги следат советите и упатствата од нивните гинеколози за соодветно тестирање и третман.

Доколку имате HPV, вашиот гинеколог ќе препорача почести контроли и тестирања, се со цел рано да се најдат евентуалните промени и истите соодветно да се третираат. Затоа, следете ги советите од вашиот гинеколог.

ДОКОЛКУ ИМАМ HPV, ДАЛИ МОЖАМ ДА ОСТАНАМ БРЕМЕНА И ДА РОДАМ ЗДРАВО ДЕТЕ?

Постоењето на HPV не ја намалува шансата за бременост. Типот на HPV кој го имате, не би требало да влијае на здравјето на плодот. Меѓутоа, доколку ви е потребен третман на абнормалните клетки на грлото на матката (предизвикани од HPV), самиот третман може да влијае на шансите за забременување. Секогаш консултирајте се со вашиот гинеколог.

ТЕСТ ЗА ДЕТЕКЦИЈА И ГЕНОТИПИЗАЦИЈА НА HPV ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА

Правилното дијагностицирање на HPV е од огромна важност и е пресудно за понатамошниот третман на пациентот. Во Авицена Лабораторија се работат најсовремени тестови со Multiplex real-time PCR технологија за високосензитивна и специфична молекуларна детекција и генотипизација на HPV вирус (Human papillomavirus). Овој тест претставува единствен квалитативен и семиквантитативен клинички докажан тест препорачан од СЗО за детекција и поединечна генoтипизација на најголем број типови на HPV:

19 ВИСОКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV (16, 18, 26, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 53, 56, 58, 59, 66, 68, 69, 73, 82)

9 НИСКОРИЗИЧНИ ТИПОВИ НА HPV (6,11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70)

Наведените генотипови на HPV се одговорни за над 97% случаи на цервикална дисплазија и цервикален канцер.

Тестовите се со внатрешна контрола базирана на детекција на human β-globin генот, со што целосно се елиминира можноста за лажно негативни резултати. Тестовите се валидирани и CE сертифицирани, се работат со комплетно автоматизирани Real Time PCR инструменти и се одобрени за дијагностичка употреба.

Примерок: Цервикален и уретрален брис.

За да го направите HPV тестот имате можност да земете сами примерок користејќи ја Evalyn brush или да го посетите својот гинеколог кој ќе го земе примерокот.

Може да ве интересира…