Денес учениците од средното училиште „Марија Кири – Склодовска“ од Скопје, отсек лаборанти остварија посета во нашата лабораторија во населба Кисела Вода.
Целта на овој отворен ден кој го организиравме заедно со средното училиште, е можност идните лаборанти подетално да се запознаат со обемното портфолио лабораториски анализи, квалитетот на опремата која се користи нашите лаборатории, условите како и долгогодишните докажани принципи на работа на Авицена Лабораторија.
Сè ова преку практичен пример беше презентирано од страна шефот на техничко лабораториски оддел на Авицена Лабораторија Наташа Димиќ, која одговараше на бројните прашања и сподели искуства за предизвикот да се работи во лабораторија водена по светски стандарди.
Ни беше драго што имавме можност за учениците да организираме посета од ваков тип, и им посакуваме успех во нивната кариера!









