fbpx

Авицена Лабораторија на нова локација во населба Аеродром

Со задоволство ве информираме дека, почнувајќи на 18.01.2023 година, Авицена Лабораторија ќе започне со работа во нов, модерен објект на добро позната локација кај „Мајчин Дом“ во населбата Аеродром.

Нашето 17 годишно постоење како лидер на пазарот на лабораториска дијагностика и 10 години достапни за нашите клиенти во населбата Аеродром, ни налагаат попристапна и посовремена лабораторија како потреба да се задоволат барањата на долгогодишниот континуиран раст, како и да се задоволат барањата и потребите на нашите пациенти и соработници.

Точниот и прецизен лабораториски резултат има витална улога во скринингот на различни заболувања, точна дијагноза, процена на ризик, мониторинг на терапија, прогноза и многу други аспекти кога е потребно донесување важни медицински одлуки и решенија.

Затоа, избраната лабораторија треба да биде ваш партнер од доверба, која на стручен, професионален и ефикасен начин може да ви овозможи најдобра грижа за вашето здравје.

Новата адреса и контактите на Авицена Лабораторија е следната:

Авицена Лабораторија Аеродром, бул. „Јане Сандански“ бр.13-1 блок А

Работно време на лабораторијата останува непроменето:

Понеделник – петок од 7:00 – 18:00 часот

Сабота 8:00 – 14:00 часот

За подетални информации ви стоиме на располагање преку нашиот Контакт центар: 02 3179-001

Погледнете ја точната локација на лабораторијата на линкот.