fbpx

НОВО! Пакет брзи тестови за детекција на сезонски респираторни инфекции!

Почитувани клиенти,

Сакаме да ве известиме дека во нашите лаборатории е достапен нов пакет брзи тестови за детекција на сезонски респираторни инфекции со резултати за само 1 час.

COVID-19, грипот и настинките делат голем број на карактеристики и широк спектар на слични или исти симптоми кои го отежнуваат диференцирањето на почетокот на болеста. За соодветен третман на секое респираторно заболување, секогаш е многу важно да се знае вистинскиот причинител на заболувањето, со цел да се делува навремено и насочено кон соодветниот причинител.

Со новиот пакет брзи тестови, ќе имате можност да го дознаете причинителот на респираторната инфекција за само 1 час.

Пакетот овозможува брза и прецизна детекција на следните вируси:

  • Influeza A антиген
  • Influenza B антиген
  • RSV антиген
  • Adenovirus антиген
  • COVID-19 антиген

Време на издавање резултати: 1 час во лабораторијата во Скопје, населба Тафталиџе.

Примерок: брис од нос и грло

Цена: 1250 денари