fbpx

Отвораме нов уникатен простор за прием на деца

Во склоп на нашата лабораторија во Скопје, населба Тафталиџе отвораме комплетно нов, уникатен простор за прием на дечиња, со цел подобрување на корисничкото искуство и овозможување на квалитетна грижа за здравјето на нашите најмали клиенти.

Новото детско катче се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“. Просторот е целосно реновиран, преуреден и уникатно дизајниран, се состои од приемен дел, чекална и две простории наменети за земање примероци и друг материјал исклучиво за дечиња и трудници. Со ова се овозможува децата да имаат посебен интерактивен простор само за нив.

Детското катче е соодветно опремено и прилагодено за потребите и интересите на децата од најразлична возраст и има единствена цел, престојот во лабораторија да биде исполнет со забава, игра и смеа.

Како приватна здравствена установа постојано се ориентираме кон нови инвестиции за своите клиенти и општеството, и понaтаму ќе продолжиме со посебно внимание да се грижиме за најмалите и најмилите клиенти на нашата лабораторија. Покрај овој простор, во функција ставаме и простории за прием на деца во склоп на нашите лаборатории во населбата Аеродром и во населбата Кисела Вода.

Галерија од детското катче во Авицена Лабораторија населба Тафталиџе: