Оглас – Креатор на дигитални содржини на социјални мрежи

Станете дел од нашиот тим

Опис на работната позиција:

Позицијата подразбира високо мотивирана и креативна личност одговорна за креирање, планирање и развој на дигитални содржини за нашите социјални мрежи со цел градење и одржување препознатлив бренд. Покажува автентичност во интеракција и комуникација со пошироката јавност.

 

Работни обврски:

  • Креирање и објавување содржини за Instagram, TikTok и Facebook
  • Снимање и монтажа на кратки видеа (Reels, TikTok, Stories)
  • Дизајн на објави, видеа, stories и copy-writing за социјални мрежи
  • Следење на трендови на социјалните мрежи и предлагање креативни идеи
  • Помош во градење и одржување на силно и препознатливо онлајн присуство
  • Соработка со тимот при креирање маркетинг кампањи и промоции
  • Креирање содржини поврзани со лабораториски услуги, здравствени теми, настани, нови анализи и секојдневни активности во лабораторијата

 

Потребни квалификации:

  • Завршено соодветно образование ( Економски науки – насока маркетинг или друга соодветна област);
  • Интерес за социјални мрежи и дигитален маркетинг
  • Способност за снимање видеа
  • Основно познавање на алатки за дизајн и монтажа (Canva, Cap Cut, Illustrator, Photoshop)
  • Креативност и внимание на детали
  • Добри комуникациски вештини
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик
  • Познавање работа со компјутери-MS office
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Проактивност, тимски дух и желба за континуиран личен и професионален развој

 

Ќе се смета за предност:

  • Искуство со менаџирање Instagram или TikTok профили
  • Познавање фотографија или видеографија
  • Следење и разбирање на трендови и viral формати на содржини
  • Основно познавање од branding и маркетинг

 

Можности за развој:

  • Можност за понатамошен професионален и креативен развој
  • Обезбедени платени курсеви, обуки и едукации за дополнително усовршување и надградба на вештините
  • Работа во креативна и динамична средина со можност за стекнување практично искуство
  • Учество во реални маркетинг кампањи, снимања и креативни проекти

 

Работно време од 40 часа неделно, 8:00 до 16:00 часот на локација Скопје – Визбегово (обезбеден паркинг за вработени).

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicenalab.com.mk со назнака за оглас за Креатор на дигитални содржини на социјални мрежи или на бул.  ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 10 (десет) работни дена, односно од 27.05.2026 година, најдоцна до 10.06.2026 година.

 

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :

  • доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
  • од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
  • над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Аплицирај

    * Со притискање на копчето „испрати“ се согласувате личните податоци да се чуваат во датабаза на ПЗУ Авицена лабораторија за регрутација на кадар.
    * Повеќе информации околу заштита на лични податоци можете да прочитате во За нас > Политика на приватност и заштита на личните податоци.