Опис
Анализата на вкупни протеини ја одредува вкупната концентрација на протеини во крвта, главно албумин и глобулини. Протеините имаат важна улога во одржување на течносната рамнотежа, транспорт на хранливи материи и хормони, имунолошката одбрана и бројни други функции во организмот. Анализата се користи при проценка на функцијата на црниот дроб и бубрезите, нутритивниот статус, како и за откривање и следење на различни воспалителни, инфективни и хронични заболувања.
Подготовка: Препорачливо е анализата да се направи на гладно (8–12 часа без храна), иако гладувањето не е задолжително во сите случаи. Потребно е да се следат упатствата од лекарот доколку анализата се прави во комбинација со други лабораториски испитувања.
Примерок: серум


