Опис
Албуминот е најзастапениот протеин во крвната плазма и се создава во црниот дроб. Има важна улога во одржувањето на течносната рамнотежа во организмот и транспортот на различни супстанции, како што се хормони, витамини, лекови и минерали. Анализата на албумин се користи за проценка на функцијата на црниот дроб и бубрезите, нутритивниот статус, како и за дијагностика и следење на различни заболувања кои влијаат на синтезата или губитокот на протеини.
Подготовка: Препорачливо е анализата да се направи на гладно (8–12 часа без храна), иако гладувањето не е задолжително во сите случаи. Доколку анализата се прави во комбинација со други лабораториски испитувања, потребно е да се следат упатствата за тие анализи.
Примерок: серум.


