Опис
Микроалбуминот во урина е лабораториска анализа со која се одредува присуството на мали количини албумин во урината. Зголеменото излачување на албумин може да биде еден од првите знаци на оштетување на бубрезите, особено кај лица со дијабетес, артериска хипертензија и хронични бубрежни заболувања. Анализата се користи за рано откривање, следење и проценка на бубрежната функција.
Подготовка: Не е потребна посебна подготовка. Се препорачува да се достави прва утринска урина или примерок според препорака на лекар. Потребно е да се собере среден млаз во стерилен сад.
Примерок: урина.


