0%
Loading ...

Присуство на дизморфни еритроцити во урина

400,00 ден

Опис

Присуството на дизморфни еритроцити може да укажува на крварење кое потекнува од гломерулите на бубрезите и е значаен параметар во проценката на причината за хематурија (крв во урината). Анализата помага во диференцирање на гломеруларни од негломеруларни заболувања на уринарниот систем.

Подготовка: Се препорачува прва утринска урина, земена по тоалета на надворешните гениталии. Потребно е да се собере среден млаз во стерилен сад и примерокот да се достави во лабораторија што е можно побрзо, по можност во рок од 2 часа.

Примерок: урина.