Опис
Трансферинот е протеин кој се создава во црниот дроб и има улога да го врзува и транспортира железото низ организмот. Анализата на трансферин се користи за проценка на метаболизмот на железото и е важна при дијагностика на недостаток или вишок на железо, различни видови анемии, како и при проценка на функцијата на црниот дроб и нутритивниот статус.
Подготовка: Препорачливо е анализата да се направи наутро и на гладно (8–12 часа без храна). Доколку земате суплементи со железо, препорачливо е да не ги земате пред анализата, освен ако вашиот лекар не препорача поинаку.
Примерок: венска крв.



Критики
Нема критики сеуште.