Опис
Овој молекуларен PCR тест овозможува истовремена детекција на генетскиот материјал од 6 значајни вирусни причинители на гастроинтестинални инфекции. Анализата е наменета за пациенти со симптоми како дијареа, повраќање, абдоминална болка и покачена телесна температура и овозможува брза идентификација на можниот вирусен причинител.
Панелот ги опфаќа: Norovirus GI и GII, Rotavirus, Adenovirus, Astrovirus и Sapovirus.
Примерок за анализа: фецес доставен во стерилен сад. Доколку примерокот не се достави веднаш, може да се чува во фрижидер (2 – 8 0C) до 24 часа пред доставување во лабораторијата.
Време на издавање резултати: до 24 часа од доставувањето на примерокот во лабораторијата
Подготовка на пациент: Не е потребна посебна подготовка на пациентот пред земање на примерокот


