0%
Loading ...

Панел за вирусни гастроинтестинални патогени – Real-time multiplex PCR за 6 вирусни причинители на гастроентерити ( фецес)

2.200,00 ден

Опис

Овој молекуларен PCR тест овозможува истовремена  детекција на генетскиот материјал од  6 значајни вирусни причинители на гастроинтестинални инфекции. Анализата е наменета за пациенти со симптоми како дијареа, повраќање, абдоминална болка и покачена телесна температура и овозможува брза идентификација на можниот вирусен причинител.

Панелот  ги опфаќа: Norovirus GI и GII, Rotavirus, Adenovirus, Astrovirus и Sapovirus.

Примерок за анализа: фецес доставен во стерилен сад. Доколку примерокот не се достави веднаш, може да се чува во фрижидер  (2 – 8 0C)  до 24 часа пред доставување во лабораторијата.

Време на издавање резултати: до 24 часа од доставувањето на примерокот во лабораторијата

Подготовка на пациент: Не е потребна посебна подготовка на пациентот пред земање на примерокот