Опис
Овој пакет е наменет за проценка на липидниот статус и ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Овозможува детален увид во нивото и распределбата на мастите во организмот, вклучувајќи и специфични липопротеини кои даваат дополнителни информации за здравјето на срцето. Вклучува: вкупен холестерол, HDL, LDL, триглицериди и специфичен липопротеински статус (ApoA, ApoB и Lp(a)).
Дали се прави на гладно?
Се препорачува да се направи на гладно (8–12 часа) за попрецизни резултати.


