Опис
Овој пакет е наменет за лица кои следат веганска или вегетаријанска исхрана, со цел проценка на нутритивниот статус и навремено откривање на можни дефицити на витамини и минерали. Овозможува увид во нивото на железо, витамини и протеини, како и општата состојба на организмот. Вклучува: крвна слика со диференцијална, седиментација на еритроцити, хемоглобин, хематокрит, уринарен статус со седимент, глукоза во серум (гликемија), вкупен холестерол, триглицериди, уреа во серум, креатинин во серум, AST, ALT, серумско железо, фолна киселина, витамин Б12, витамин Д, HDL, LDL, албумин, калциум, TIBC и феритин.
Дали се прави на гладно?
Се препорачува да се направи на гладно (8–12 часа) за попрецизни резултати.


