Опис
Овој PCR тест се користи за детекција на генетски материјал од Chlamydia trachomatis, една од најчестите причинители на сексуално преносливи инфекции. Тестот овозможува директна и прецизна идентификација на бактериската инфекција, вклучително и кај лица без изразени симптоми.
Примерок за анализа: брис од цервикс , брис од уретра или брис од око/очи. Брисот од цервикс го зема гинеколог. Уретралниот брис кај мажи го зема уролог или стручно лице во нашата лабораторија. Брисот од око/очи се зема во нашата лабораторија.
Време на издавање резултати: до 24 часа од направениот прием или доставувањето на примерокот во лабораторија
Подготовка на пациент: пациентот не треба да уринира најмалку 2 часа пред земањето на уретралниот брис. Брисот од око/очи се зема наутро, пред миење на очите и нанесување козметика.



Критики
Нема критики сеуште.