Опис
Овој тест овозможува детекција на бактерии од родот Bordetella со прецизна диференцијација помеѓу Bordetella pertussis (причинител на голема кашлица) и Bordetella bronchiseptica. Со real-time PCR метода се овозможува брза и сигурна идентификација на причинителот, што е важно за навремена дијагноза и соодветен третман при респираторни симптоми.
Примерок за анализа: Брис од грло и брис од нос
Време на издавање резултати: до 24 часа од направениот прием
Подготовка на пациент: Не е потребна посебна подготовка на пациентот пред земање на примерокот


