fbpx

COVID-19 или ГРИП? Направете разлика со еден тест

Во Авицена лабораторија е достапен молекуларен PCR тест кој истовремено детектира COVID-19 и сезонски грип.

Во Авицена лабораторија е достапен високоспецифичен молекуларен rReal-Time PCR тест за истовремена детекција, идентификација и диференцијација помеѓу новиот коронавирус SARS-CoV-2 и сезонски грип.

Во зимскиот период, кога се чести и сезонските настинки и грипот, во време на пандемија со COVID-19, многу луѓе се обидуваат да го најдат одговорот на прашањето – кои се клучните симптоми преку кои може да се направи разлика меѓу овие заболувања?

COVID-19, грипот и настинките делат голем број на карактеристики и широк спектар на слични или исти симптоми кои го отежнуваат диференцирањето на почетокот на болеста.

За соодветен третман на секое респираторно заболување, секогаш е многу важно да се знае вистинскиот причинител на заболувањето, со цел да се делува навремено и насочено кон соодветниот причинител.

Постојат многу различни симптоми кои се појавуваат кај лицата со COVID-19. Mногу од нив, исти или слични се појавуваат и при настинки и сезонски грип, а поретко и при алергии. Најчести симптоми кои се карактеристични за SARS-CoV-2 вирусот и вирусот на грип А и Б (Influenza A/ Influenza B) се: покачена телесна температура/треска, кашлица, недостаток на здив/отежнато дишење, болки во грлото, затнат нос, мускулни болки, главоболка, а некои луѓе, се јавуваат дијареа и повраќање.

Главната разлика во симптомите претставува губењето на вкусот и мирисот, пријавено кај одреден процент кај луѓето инфицирани со SARS-CoV-2, односно пациентите кај кои бил потврден COVID-19. Секако, разлика постои и во периодот на инкубација на вирусите, односно, времето кога ќе се појават симптомите од ризичниот контакт, нивниот интензитет и времетраење.

Сепак, заради сличноста помеѓу симптомите на овие инфекции, многу тешко се воспоставува разлика, па затоа најточна дијагностичка алатка претставуваат лабораториските тестови, во консултација со лекар.

Со овој PCR тест пациентите ќе имаат можност со рана детекција да го утврдат причинителот на респираторното заболување (SARS-CoV-2, вирус на грип А и Б и респираторен синцицијален вирус) и според добиените резлутати да добијат соодветна терапија која ќе им помогне подобро и побрзо да се справат со инфекцијата.

Комбинираниот молекулерен rReal-Time PCR за детекција на COVID-19 и сезонски грип е достапен во Авицена лабораторија во Скопје, населба Тафталиџе, без закажан термин.