Со задоволство ве известуваме дека Авицена Лабораторија доби INSTAND сертификати во неколку категории, како дел од редовната надворешна контрола на квалитетот во ноември:
– Паразитологија
– Бактериологија
– Детекција на Chlamydia Trachomatis и Borrelia
Програмите за надворешна контрола за работа и изведба на лабораторија се прифатени во светот како неопходна алатка за објективна евалуација. Ова обезбедува дополнителна контрола и сигурност во точноста на анализите и објавените резултати.
Овие сертификати уште еднаш потврдуваат дека тестовите направени во Авицена Лабораторија се точни, прецизни и со врвен квалитет, контролирани и сертифицирани од реномираниот германски институт INSTAND.
Сертификатите можете да ги погледнете во галеријата подолу.


