fbpx

Известување за прекин на анализа на спермограм

 Почитувани,

 Ве информираме дека почнувајќи од 04.01.2019 год., тестот СПЕРМОГРАМ НЕМА ДА СЕ РАБОТИ во Авицена Лабораторија.

Причината за прекин на изработка на спермограмот е тоа што во листата на достапни услуги и лабораториски анализи кои може да се работат во која било биохемиска специјалистичка лабораторија (дел од документација од Министерството за Здравство на РМ) , спермограмот го нема како анализа, а истоимената листа на достапни услуги за специјалистички биохемиски лаборатории не е ажурирана од 2010 год. Со тоа, во моментов, ниедна специјалистичка биохемиска лабораторија не може да го нуди како услуга.

Во моментот кога ќе се направи ажурирање на достапната листа за услуги за биохемиски специјалистички лаборатории од страна на  Министерство за здравство на РМ, за што веќе е покрената постапка, спермограмот како услуга повторно ќе биде достапен во Авицена Лабораторија.