fbpx

Авицена Лабораторија повторно дел од големата хуманитарната акција „Нахрани 10.000“

По втор пат годинава и петта година по ред сме горди поддржувачи на „СИТЕ СИТИ“ и големата донаторска акција „Нахрани 10.000“.
Започнувајќи од 2016 година, па сè до денес, оваа акција за донирање на храна за нашата компанија прерасна во традиција.
Здружението со донациите собрани од оваа акција, помага на 7000 социјално загрозени граѓани во повеќе од 10 градови, преку обезбедување на храната и нејзина дистрибуција до граѓаните и семејствата од социјален ризик.