fbpx

Авицена Лабораторија e првата лабораторија што станува дел од мрежата на доверливи партнери на CommonPass

Со задоволство ве известуваме дека, Авицена Лабораторија оствари соработка со CommonPass за брзо и безбедно издавање сертификати за патување од COVID-19 тестирања. По остварената соработка со Министерството за здравство, Авицена Лабораторија e првата лабораторија што станува дел од мрежата на доверливи партнери на CommonPass.

Почнувајќи од 22.6.2021 година, лабораториските сертификати издадени за патување од Авицена Лабораторија ќе бидат достапни во:

  • оригинална печатена верзија
  • преку електронска пошта (email)
  • стануваат достапни и преку мобилната апликација на CommonPass.

CommonPass овозможува да го документирате и да го зачувате вашиот COVID-19 статус со цел да може да патувате во други земји и да одговорите на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја вашата приватност.

Платформата на CommonPass го потврдува времето на земање примерок во Авицена Лабораторија, исходот од тестирањето, дали лабораториските резултати на лицето се веродостојни и дали ги содржат барањата за здравствен скрининг на земјата дестинација.

CommonTrust Network е основана од The Commons Project Foundation и од Светскиот економски форум и претставува глобална мрежа на јавни и приватни организации што работат со цел да им овозможат на луѓето дигитален пристап до нивните здравствени податоци преку користење интероперабилни и лесно проверливи стандарди. Мрежата CommonTrust, исто така, е и глобален регистар на доверливи лаборатории, извори на вакцини и здравствени податоци.

CommonPass ќе му се издава на секој пациент што ќе направи COVID-19 тестирање во Авицена Лабораторија без надоместок.

Апликацијата е достапна за преземање на:

Прочитајте подетално на следниот линк: https://commonpass.mk/mk