fbpx

Авицена Лабораторија со учество на IX Балкански Конгрес на микробиолозите – Microbiologia Balkanica 2015

Почитувани,

Задоволство ни е да Ве информираме дека дел од тимот на Авицена Лабораторија учествуваше на IX Балкански Конгрес на микробиолозите – Microbiologia Balkanica 2015, кој се одржа во Солун, Грција во периодот од 22-24 ти Октомври 2015 година.

Во рамките на Конгресот, активно учество имаше и д-р спец. Иванка Хаџи-Петрушева Мелоска, шеф на микробиологија во Авицена Лабораторија, каде со своја постер презентација имаше излагање на тема на „Преваленца на бактериска вагиноза и придружна микрофлора кај жените во репродуктивна возраст“.

Овој настан преставуваше одлична можност за споделување на досегашните, но и за запознавање со нови трендови и достигнувања во клиничката и индустриската микробиологија.

Секако, дружењето и културно-забавните активности беа неизоставен дел и од овој настан.