Известување за учесничките на Авицена Женска Трка

Драги дами,

До стартот на Авицена Женска Трка остануваат уште 14 дена!

Се надеваме дека и вие се подготвувате и дека сте во добро здравје. Како ланската така и оваа година Авицена Женска Трка ќе се одвива под посебни протоколи за заштита од COVID-19, а истовремено, почитувајќи ги новите тековни владини одлуки.

Според последните одлуки на Владата, почнувајќи од 16 август, за учество во секој културен или спортски настан, потребен е приложен доказ за задолжителна вакцинација или сертификат за прележан COVID-19 во последните 45 дена.

Согласно оваа одлука, секоја учесничка на Авицена Женска Трка, над 18 години, при подигнување на стартниот број мора да приложи на увид:

  • Сертификат – потврда за извршена имунизација против COVID-19 или примена една доза вакцина.
  • Сертификат/Потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајки од денот на оздравувањето.

БЕЗ ПРИЛОЖЕН ВАКОВ ДОКУМЕНТ, НЕМА ДА БИДЕ ИЗДАДЕН СТАРТЕН БРОЈ И НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО УЧЕСТВО НА ТРКАТА!

Дезинфекција, одржување дистанца  и носење маски ќе биде задолжителна при подигање на стартните пакети, пред стартот на трката и по завршување на трката.

Доколку  од овие причини неможете да настапите на трката, ве молиме да ни испратите email известување до 25.08.2021 со барање за враќање на средствата или барање за префрлање на котизација за следна година. Испратете го вашето барање за враќање на средствата на info@zenskatrka.mk

Останете во добро здравје!