fbpx

Подигнување стартни пакети 8.4 и 9.4.2022

Подигнувањето на стартните пакети ќе биде на 08.04.2022 (петок) и 09.04.2022 (сабота) од 11:00 до 19:00 часот, во салата Борис Трајковски веднаш карши хокеј лизгалиштето.

При подигнување на стартниот пакет потребно е да го прикажете вашиот потврден меил од пријавата или документ за идентификација.

✅ ДА, може друг да го подигне вашиот стартен пакет во ваше име со прикажување на вашиот потврден меил од пријава или документ за идентификација.

Стартот на трката ќе биде ист како ланската Авицена Женска Трка.

Старт и цел на трката ќе бидат на паркингот во Градскиот Парк (во близина на Ресторан Балканика Рустикана), а ќе се трча еден круг од 3 км во Градскиот Парк.

ℹ️ СИТЕ информации за трката, ќе ги најдете на: http://zenskatrka.mk/