fbpx

Учество на првиот симпозиум на Македонското педијатриско респираторно здружение (МПРЗ)

Авицена Лабораторија изминатиот викенд учествуваше на првиот Симпозиум на Македонското педијатриско респираторно здружение (МПРЗ) со наслов “Хронична кашлица кај деца и асоцирани болести” во хотел Дрим, Струга.

На штандот, учесниците на симпозиумот имаа можност да поразговараат со нашите вработени во врска со долгогодишното искуство на Авицена Лабораторија, улогата на лабораториските тестови во дијагностика на различни респираторни заболувања со добропознатите брендови на тестови како Pneumoslide, алергиските панели, широкото портфолио на молекуларни PCR тестови и сите останати рутински и специфични лабораториски анализи кои се изработуваат во нашите лаборатории, а кои директно помагаат во справување со респираторните болести.