Опис
Андростендионот е хормон кој служи како претходник на тестостерон и естрогени и има важна улога во хормоналниот баланс. Овој тест се користи при проценка на хормонални нарушувања, како што се нередовен циклус, зголемена влакнатост, акни или проблеми со плодност.
Дали се прави на гладно?
Не е задолжително да се прави на гладно.
Дали се прави на одреден ден од циклус?
Најчесто се препорачува 2–5 ден од менструалниот циклус, освен ако докторот не препорача поинаку.


