Опис
Anti-TG Ab (антитела на тиреоглобулин) Овој тест ги мери антителата против тиреоглобулин – протеин што го создава тироидната жлезда. Се користи за откривање на автоимуни заболувања на тироидната жлезда, како Хашимото тироидит и Грејвсова болест, како и за дополнителна проценка на тироидната функција.
Примерок: венска крв.
Дали се прави на гладно?
Не е задолжително да се прави на гладно.


