0%
Loading ...

CRP (“C”-реактивен протеин)

390,00 ден

Анализата се користи за откривање и следење на воспалителни процеси, бактериски и вирусни инфекции, автоимуни заболувања, како и за проценка на ефикасноста на терапијата.

Опис

CRP (C-реактивен протеин) е протеин кој се создава во црниот дроб како одговор на воспаление во организмот. Анализата се користи за откривање и следење на воспалителни процеси, бактериски и вирусни инфекции, автоимуни заболувања, како и за проценка на ефикасноста на терапијата. Вредностите на CRP брзо се зголемуваат при акутно воспаление и се намалуваат со повлекување на воспалителниот процес, што го прави важен маркер за следење на текот на болеста.

Подготовка: Не е потребно да бидете на гладно.

Примерок: серум.