Опис
Гинеколошкиот пакет претставува сеопфатен микробиолошки скрининг за откривање на најчестите причинители на инфекции на урогениталниот тракт. Пакетот опфаќа микробиолошки анализи од вагинален и цервикален брис со антибиограм, испитување за Mycoplasma и Ureaplasma, детекција на Chlamydia trachomatis, како и уринокултура со антибиограм. Анализите овозможуваат прецизна идентификација на причинителот на инфекцијата и определување на чувствителноста кон антибиотици, што овозможува соодветен избор на терапија.


