Опис
IgA (имуноглобулин A) е антитело кое има важна улога во одбраната на организмот на мукозните површини, како што се дишните патишта, гастроинтестиналниот и урогениталниот тракт. Најголеми количини се наоѓаат во плунката, солзите, мајчиното млеко и другите секрети. Анализата ја одредува концентрацијата на IgA во крвта и се користи за проценка на функцијата на имунолошкиот систем, дијагностика и следење на имунодефициенции, хронични инфекции, автоимуни заболувања и одредени заболувања на црниот дроб и гастроинтестиналниот тракт.
Подготовка: Не е потребно да бидете на гладно.
Примерок: серум.


