Опис
Молекуларната детекција на Varicella zoster virus со Real-time PCR метод e високо
чувствителна и специфична анализа за докажување на генетскиот материјал на вирусот кој предизвикува овчи сипаници (варичела) и херпес зостер. Тестот овозможува брза и прецизна дијагноза на активна инфекција и е особено корисен кај пациенти со атипична клиничка слика, имунокомпромитирани лица и кога е потребна лабораториска потврда на инфекцијата.
Примерок за анализа: серум или брис од кожна промена (осип)
Време на издавање резултати: до 24 часа од направениот прием
Не е потребна посебна подготовка на пациентот пред земање на примерокот. Анализата може да се направи веднаш по појавата на осипот.



Критики
Нема критики сеуште.