Опис
NIFTY Pro и NIFTY Pro Twins се напредни неинвазивни пренатални тестови (NIPT) кои овозможуваат рана детекција на хромозомски абнормалности кај плодот, вклучително и кај близначка бременост. Тестот се изведува од мајчина крв и е безбеден и за мајката и за бебето, со висок степен на прецизност.
Ги опфаќа: трисомии (Даунов, Едвардсов и Патау синдром), анеуплоидии на полови хромозоми (Тарнеров, Клинефелтеров, Троен X и Јакобсов синдром), дополнителни автозомални анеуплоидии (трисомија 9, 16 и 22), како и делеции/дупликации поврзани со над 92 генетски синдроми. Вклучува и детекција на пол.
Примерок: венска крв.



Критики
Нема критики сеуште.