Опис
Пакетот ги опфаќа анализите на вкупен PSA (Total PSA), слободен PSA (Free PSA) и пресметка на нивниот сооднос (fPSA/tPSA). Овие параметри се користат за проценка на здравјето на простатата и обезбедуваат покорисни дијагностички информации отколку одредувањето само на вкупниот PSA. Соодносот помеѓу слободниот и вкупниот PSA помага во проценка на ризикот од карцином на простата, особено кај пациенти со гранично покачени вредности на PSA, како и во диференцирање на бенигни заболувања на простатата од малигни промени.
Подготовка: Не е потребно да бидете на гладно. Се препорачува 24–48 часа пред земањето на примерокот да се избегнува ејакулација, интензивна физичка активност (особено возење велосипед), како и манипулации на простатата (дигитален ректален преглед, масажа на простата или цистоскопија), освен доколку лекарот не препорача поинаку.
Примерок: серум.


