Опис
Овој пакет е наменет за проценка на нутритивниот статус и балансот на електролити и хормони во организмот. Овозможува увид во метаболизмот, функцијата на органите и тироидната жлезда, што е важно за правилно планирање на исхрана и одржување на здравјето. Вклучува: крвна слика со диференцијална, седиментација на еритроцити, хемоглобин, хематокрит, уринарен статус со седимент, глукоза во серум (гликемија), вкупен холестерол, триглицериди, уреа во серум, креатинин во серум, AST, ALT, серумско железо, HDL, LDL, натриум, калиум, калциум, магнезиум, хлориди, TSH, T3 и T4.
Дали се прави на гладно?
Се препорачува да се направи на гладно (8–12 часа) за попрецизни резултати.


