0%
Loading ...

Панел за бактериски гастроинтестинални патогени – Real-time multiplex PCR за 7 бактериски причинители на гастроентерити (фецес)

2.200,00 ден

Овој молекуларен Real-Time PCR панел овозможува брза и прецизна детекција на 7 најчести бактериски причинители на гастроинтестинални инфекции.

Опис

Овој молекуларен PCR тест овозможува истовремена детекција на генетскиот материјал од 7 значајни бактериски причинители на гастроинтестинални инфекции. Анализата е наменета за пациенти со симптоми како дијареа, повраќање, абдоминална болка и покачена телесна температура и овозможува брза идентификација на можниот бактериски причинител.

Панелот  ги опфаќа: Yersinia enterocolitica, Escherichia coli O157, Shigella spp./EIEC (Enteroinvasive E.coli), STEC(stx1/2) – Shiga toxin-producing E. coli, Salmonella species, Campylobacter species и Clostridium difficile toxin A/B.

Примерок за анализа: фецес доставен во стерилен сад. Доколку примерокот не се достави веднаш, може да се чува во фрижидер  (2 – 8 0C)  до 24 часа пред доставување во лабораторијата.

Време на издавање резултати: до 24 часа од доставувањето на примерокот во лабораторијата

Подготовка на пациент: Не е потребна посебна подготовка на пациентот пред земање на примерокот

 

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Панел за бактериски гастроинтестинални патогени – Real-time multiplex PCR за 7 бактериски причинители на гастроентерити (фецес)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *