Авицена Лабораторија ви овозможува да ги направите сите анализи на едно место!
Напредокот на науката доведе до развој на широка палета на лабораториски анализи, за секој период од животот на една жена. Лабораториските анализи и услуги се суштинска компонента, бидејќи обезбедуваат важни информации за следењето на здравјето.
Грижата за сопственото тело треба да биде приоритет за секоја жена. Затоа од особена важност се редовните прегледи со цел да се преземат чекори за да се заштити од инфекции и повреди и да се спречат проблеми — вклучително и некои долгорочни здравствени проблеми.
Грижата за здравјето и правењето здрави избори може да помогне да се заштитите себе и вашите најблиски.
ТИРОИДНИ ХОРМОНИ
Хормоните на тироидната жлезда контролираат многу важни процеси во организмот вклучувајќи ја и репродукцијата кај мажите и жените. Во Авицена Лабораторија се врши испитување на сите хормони и антитела поврзани со тироидната жлезда.
РЕПРОДУКТИВНИ ХОРМОНИ, ВАЖНИ ЗА РАМНОТЕЖА ВО РЕПРОДУКТИВНИОТ СИСТЕМ И ФЕРТИЛИТЕТ
- HCG (Хуман хорионски гонадотропин) протеин кој се лачи во ткивото на плацентата и се нарекува хормон на бременоста или тест за потврда на бременост.
- FSH (Фоликулостимулирачки хормон) учествува во контрола на менструалниот циклус и во продукција на јајце клетките во овариумите.
- Прогестерон го регулира менструалниот циклус, а има важна улога во одржување подготовка на матката за бременост.
- LH (Лутеинизирачки хормон) кај женскиот пол стимулира созревање на фоликул и овулација.
- Пролактин го забрзува развојот на дојките во текот на бременоста и го спрема организмот за почеток на лактација (доењето).
- Естрадиол главен полов хормон кај жените, вклучен во бројни процеси во женско репродуктивно здравје.
- AMH (Anti-Müllerian Hormone) претставува параметар за одредување оваријална резерва.
ТЕСТОВИ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ
Сексуално преносливите болести претставуваат група на заболувања кои доколку не се дијагностицираат и третираат навремено и правилно, може да доведат до компликации. Затоа од голема важност се редовните прегледи кај гинеколог и лабораториските тестови:
- Микробиолошки генитални брисеви
- Целосни гинеколошки пакети
- Генетски тестови за причинители на сексуално преносливи инфекции
- Bioflor – молекуларен PCR тест за дисбаланс на вагинална микрофлора (бактериска вагиноза)
- HPV молекуларна детекција и генотипизација на 28 ниско и високоризични типови на Human Papilomavirus
АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА СО ВАС ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА БРЕМЕНОСТ!
Лабораториските анализи и услуги се суштинска компонента во текот на секоја бременост, бидејќи обезбедуваат важни информации за следењето на здравјето на идната мајка и нејзиното бебе. Во Авицена Лабораторија се достапни најголем број на рутински и специфични анализи кои се прават во текот на бременоста, а обезбедуваат корисни информации за здравјето на мајката и бебето.
- Крвна слика
- Анализа на урина
- Уринокултура
- Микробиолошки брисеви
- Инфективен скрининг (TORCH пакер, HIV, Хепатит Б -HBV, Хепатит Ц – HCV)
- Хемостаза ( APTT, PT- Протромбинско време, D-dimer, TT- Тромбинско време)
- PRISCA – Неинвазивен биохемиски пренатален скрининг
*Препорачлив кај секоја трудница
- VERAgene / VERACITY – најнова генерација неинвазивни пренатални тестови за детекција на генетски нарушувања кај плодот за време на бременоста.
- OGTT – гестациски дијабет или скриен шеќер за време на бременост
- Брис за Streptococcus gr.B (GSB)
*Останати анализи по индикација на лекар/гинеколог.
ГЕНЕТСКИ АНАЛИЗИ ЗА НЕПЛОДНОСТ КАЈ ЖЕНИ
Rodinia – Генетски панели за откривање на причината која предизвикува неплодност кај мажи и жени. Rodinia успешно детектира 55 гени кои можат да бидат причинители кои ја предизвикува неплодноста.
ГЕНЕТСКИ АНАЛИЗИ ЗА НАСЛЕДНИ ВИДОВИ РАК КАЈ ЖЕНИ
Генетски панели за детекција на мутации кои предизвикуваат наследни видови рак на дојка, јајници и рак на матка.
- PreSENTIA Панел 1: РАК НА ДОЈКА, МАТКА И ЈАЈНИЦИ
Наследен генетски панел кој врши тестирање на 26 мутации на гени кои во иднина би можеле да предизвикаат рак на дојка, јајници или рак на матка.
- PreSENTIA Панел 2: РАК НА ДОЈКА (BRCA1 & BRCA2 МУТАЦИИ)
Наследен генетски панел кој врши детекција на 2 гени – BRCA1/ BRCA2 мутациите кои можат да предизвикаат рак на дојка и јајници.
Со рана детекција PreSENTIA панелите можат да им помогнат на пациентите да донесат подобри и по информирани одлуки во врска со своето здравје.
ТУМОР МАРКЕРИ
Нивното мерење и идентификација е корисно за поставување на дијагнозата, како и за следење на прогресот/текот на болеста и успехот од терапија, заедно со други дијагностички методи.
Доколку имате дополнителни прашања во врска со тестовите, обратете се кај вашиот лекар/ гинеколог или контактирајте нé на lab@avicenalab.com.mk или преку нашиот контакт центар: 02 3179 001.