fbpx

Авицена Лабораторија доби награда за корпоративна филантропија

На 4.11.2021 во М6 Едукативниот Центар, се одржа свеченото доделување на наградите ОКО за 2019 и 2020 година, во која прилика Авицена Лабораторија е добитник на Наградата за филантропија ОКО за 2019 година во категоријата средно претпријатие за посебен придонес кон развој на корпоративна филантропија во Македонија.

Цел на Наградите за филантропија ОКО е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го промовира и стимулира развојот на филантропијата, културата на донирање и враќање назад во заедницата.

Наградите за филантропија ОКО ги доделува HORUS Macedonia, а се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од организациите-членки на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската унија, Балканскиот фонд за демократија, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Шведската агенција за меѓународен развој.

Реализирани проекти во рамките на корпоративната филантропија за 2019 година:

  • Учество на хуманитарната трка „Run For Down“
  • Донација – 100 бесплатни пакет крвни анализи
  • Учество во големата еко акција за чистење на Општина Карпош
  • Донација на клупи за седење и канти за отпадоци во Тетово
  • Соработка со Здружение за помош и поддршка на лица со мултиплекс склероза – Донација за одржување на национални денови на МС
  • Донација кон  хуманитарна донаторска акција ,,Нахрани 10.000″
  • Поддршка на “ИГРИ БЕЗ МАСКА“ 2019 – Меѓународен инклузивен драмски фестивал (6-то издание)
  • Поддршка на проектот „Првото бесплатно училиште за музика, уметности и вештини за деца со помалку можности” – „Гитари Дирки и Свирки”
  • Донација на облека во соработка со ,,Проект Среќа”