fbpx

Авицена Лабораторија, повторно дел од хуманитарната акција #РетвитниОброк

Авицена Лабораторија, повторно дел од акцијата #ретвитниоброк, посветена кон помагање и споделување грижа за социјално загрозени лица, која е од особена важност во овој тежок период на економска криза.

Нашите вработени денес, подготвија повеќе од 100 топли оброци за најранливите категории на граѓани, како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива #РетвитниОброк, кои ќе бидат поделени на сиромашни и бездомни лица.

Како и досега, ќе продолжиме со сите наши напори да бидеме дел од вакви акции кои несебично помагаат на општеството во целина🍴

Ги поттикнуваме сите компании и поединци да се приклучат во оваа одлична иницијатива #ретвитниоброк