fbpx

Авицена Лабораторија со донација кон Основно Училиште Братство-Миѓени во Тетово

Денес реализиравме уште една општествено одговорна акција, во едно од најстарите основни училишта во Тетово, Братство – Миѓени, каде нивниот училишен двор го опремивме со клупи.

Грижата за заедницата и за условите во кои младите генерации растат и се развиваат е приоритет, за таа цел како општествено одговорна компанија се посветуваме со сите наши капацитети.

На училиштето Братство во Тетово им посакуваме успешни учебни години!

Годината ја завршуваме со неколку проекти од  општествено одговорен карактер кои ни се навистина драги за нас како компанија.