Во Авицена Лабораторија е достапен брз антигенски тест за COVID-19 од реномираниот светски производител Siemens Healthcare Diagnostics.
Овој тест служи за откривање нуклеокапсидниот протеински антиген на SARS-CoV-2 од назофарингеален брис. Антигенот се детектира кај примероците од горните дишни патишта за време на акутната фаза на инфекција, а тестот може да се користи и за скрининг на асимптоматски индивидуи.
Тестот се одликува со висока специфичност од 99,22% и е одобрен тест за патување според листата на Светската Здравствена Организација, во земјите каде е одобрен влез со ваков тип на тест.
Брзиот антигенски тест се прави без закажување, на следните локации:
Локација 1 (нас. Тафталиџе)
? Понеделник – Петок 07.00-19.00 часот
? Сабота 08.00-18.30 часот
? Недела 08.00-13.00 часот
Локација 3 (Тетово)
? Понеделник – Петок 07.00-14.00 часот
? Сабота 07.30-14.00 часот
Цена: 900 денари.
Резултати: За 30 минути, со превод на англиски јазик.
Резултатите се достапни и преку апликацијата на CommonPass.