fbpx

COVID-19: Намалена цена на брзиот антигенски тест

Почитувани клиенти,

Сакаме да ве известиме дека брзиот антигенски тест за COVID-19 од реномираниот светски производител Siemens Healthcare Diagnostics кој е достапен во Авицена Лабораторија е со намалена цена и ќе чини 700 денари.

Овој тест служи за откривање нуклеокапсидниот протеински антиген на SARS-CoV-2 од назофарингеален брис. Антигенот се детектира кај примероците од горните дишни патишта за време на акутната фаза на инфекција, а тестот може да се користи и за скрининг на асимптоматски индивидуи.

Тестот се одликува со висока специфичност од 99,22% и е одобрен тест за патување според листата на Светската Здравствена Организација, во земјите каде е одобрен влез со ваков тип на тест.

Брзиот антигенски тест се прави без закажување, и е достапен на следните локации:

Локација 1 (нас. Тафталиџе)

Понеделник – Петок 07.00-19.00 часот

Сабота 07.00-14.00 часот

Локација 3 (Тетово)

Понеделник – Петок 07.00-14.00 часот

Сабота 08.00-14.00 часот

Резултати: За 30 минути, со превод на англиски јазик.