fbpx

Авицена Лабораторија го услужи својот 2 милионити клиент

Со задоволство ве информираме дека Авицена Лабораторија го услужи својот 2 милионити клиент.

По тој повод, тимот на Авицена Лабораторија и приреди пријатно изненадување, и ѝ додели подарок на Вероника Николовска. Оваа бројка од 2 милиони клиенти за нас претставува уште едно признание за квалитетот на лабораториските услуги, точноста на издадените резултати, а воедно константниот раст низ досегашните 16 години, ја нагласува супериорноста и препознатливоста на брендот!

И понатаму ќе останеме посветени кон постојано усовршување на современата лабораториска медицина и имплементација на нови дијагностички тестови и методи со цел проширување, модернизација и задоволување на потребите на клиентите во секој поглед.

Ви благодариме на довербата!