fbpx

Генетски панел за детекција на тромбоза

Во Авицена Лабораторија е достапен генетски панел за детекција на 12 полиморфизми на гени, кои се поврзани со зголемен ризик за тромбоза:

– Factor II;

– Factor V;

– Factor VII;

– Factor XIII ;  

– FGB; 

– ITGA2; 

– ITGB3;

– PAI-1;

– MTR;

– MTRR; 

– MTHFR:677 C/T, 

– MTHFR:1298 А/C

Tромбофилија претставува состојба на зголемена тенденција за формирање патолошки тромби во крвните садови, главно како последица на интеракција на повеќе наследни и / или стекнати предиспонирачки фактори.

Тенденцијата за развивање на тромботични болести значително се зголемува кога наследните фактори се комбинирани со надворешни фактори, како што се: зголемување на возраста, машки пол, дебелина, хируршка интервенција, траума, хоспитализација, малигно заболување, продолжена неподвижност за време на патување, употреба на орални контрацептиви, терапија со естроген и др. 

Лицата со мутација на некој од наведените гени имаат поголеми шанси да развијат длабока венска тромбоза или пулмонална емболија, или зачепување на кој било крвен сад во организмот. Полиморфизми на овие гени се ризик фактори за најразлични состојби и заболувања, како срцеви заболувања и инфаркт во помлада возраст, мозочен удар, прееклампсија кај трудници и др.

Тромбофилиите се исто така поврзани со зголемен ризик за спонтан абортус. Жените кои имаат ваков тип мутации имаат 2-3 пати поголем ризик за повторувачки спонтани абортуси.

COVID-19

Иако не е невообичаено инфекциите да го зголемуваат ризикот од згрутчување, COVID-19 е поврзан со невиден опсег на нарушувања поврзани со згрутчување на крвта кај заболени пациенти.  Пациентите со COVID-19 се соочуваат со сериозни, а понекогаш и фатални абнормалности на згрутчување на крвта.

Студиите покажуваат дека околу 25% – па дури и до 70% – критично болни пациенти потврден е венски тромбоемболизам или белодробна емболија.

Лицата со мутација на некој од факторите можат да имаат зголемена склоност кон тромботични епизоди, особено кај болести кои го афектираат системот на коагулација, како вирусот SARS-CoV-2 (COVID-19). Затоа од клучна важност е навремена и прецизна дијагностика.

Потребен примерок: полна крв

Метод: Real-Time PCR

Цена на тестот: 2.900,00 ден.

Без закажување термин во сите наши лаборатории