fbpx

НОВА ЛОКАЦИЈА! Населба Кисела Вода

Со задоволство ви најавуваме дека почнувајќи од утре 7.7.2022 (четврток) со цел да ги задоволиме барањата и потребите на сите наши клиенти, започуваме со работа на нова локација во населба Кисела Вода во Скопје.

???? Нашата четврта лабораторијата се наоѓа на улица „Мариовска“ бр.2-А, веднаш по звршувањето на улицата „Народни Херои“, на фрекфентна и добро позната локација. Новата лабораторија е во склоп на модерен објект, целосно ориентиран кон барањата и потребите на клиентите, а пред самата лабораторија е достапен и бесплатен паркинг простор.

Погледнете ја точната локација на лабораторијата на следниот линк: https://bit.ly/3RcSX5O

???? Сите четири лаборатории (три во Скопје и една во Тетово) се опремени со најсовремена опрема од областа на лабораториската дијагнoстика, со кои раководи искусен и професионален тим, вклучувајќи врвни доктори специјалисти по медицинска биохемија и микробиологија.

Лабораторијата на 7.7.2022 ги отвора вратите за сите наши клиенти и стои на располагање за извршување секаков вид лабораториски тестирања секој работен ден од 7-15 часот и сабота од 8 – 14 часот.